ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Продолжуваме да работиме на унапредување на правата и услугите за лицата со оштетен вид

May 8, 2023 12:32
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателот на Националниот сојуз на слепи лица Жарко Селковски, како и претставници од двете страни, на која се разговараше за паричните права и услуги од системот на социјална заштита во нашата држава и можностите за нивно унапредување.

Соговорниците разговараа за можностите за зголемување на висината на правата, достапноста на ортопедските помагала, зголемување на средства кои се издвојуваат од игрите на среќа за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст, можностите Националниот сојуз да стане лиценциран давател на услуги од социјална заштита, како лична асистенција и воспоставување на центар за рехабилитација.

На средбата претставниците на Министерството информираа дека со експертска поддршка од Европската Комисија, ќе се работи во делот на реформирање на правото за помош и нега од трето лица и правото за попреченост и нивно поврзување со индивидуалните потреби на корисниците. При што, се земаат во предвид позитивните примери на земји како Австрија и Словенија.

Исто така, беше истакнато дека во м. Јуни ќе биде доставен во владина процедура Предлог закон за единствен систем за проценка на лицата со попреченост.

Министерството за труд и социјална политика во соработка со останатите релевантни институции ќе работи во насока на унапредување на положбата на слепите лица во нашата држава. Веќе е закажана средба со министерката за култура за вработување на слепи лица во Националната универзитетска библиотека.

Во делот на барањето за пристапноста на веб страните и мобилните апликации на државните органи, Национален совет беше информиран дека од страна на МИОА е формирана работна група за имплементација на оваа директива и изработка на предлог законски решенија за пристапност на овие содржини .

Изминатата година висината на посебниот додаток беше зголемена за 15% за сите три подвидови на корисници. Дополнително, во месец јануари се направи усогласување на правата од социјална и детска заштита со трошоците за живот. Корисниците на правата добија за 14.2 % повисоки исплати на правата чии корисници се. А за корисниците на посебниот додаток тоа е зголемување на правото за речиси 30%.

Владата на Република Северна Македонија, како дел од последниот пакет антикризни мерки за поддршка на ранливи категории на граѓани ги опфати и лицата со попреченост. Па така, со Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза беа обезбедени парични средства од 3.000 денари месечно во времетраење од четири месеци или вкупно 12.000 денари.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МТСПТренчевска
Next Post

Невидена нервоза и параноја владејат во Москва пред парадата на Денот на победата

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk