ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Жан-Лик Годар во фокусот на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал од 2-9 јуни во Кинотека

Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa.

May 8, 2023 11:23
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13. пат ќе се одржи од 2-9 јуни во Кинотеката на С. Македонија . Во рамките на ова фестивалско издание е предвидено да бидат прикажани 40-тина филмови , ќе се одржат 50-тина настани, ќе има 18 гости и 20 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“.

Мотото на годинешното издание на ФФФ е „Сè е филм, во множина“, инспирирано од големиот француски филмски великан од новиот бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого фестивалот подготвува специјален сегмент „Фокус Годар“.

 

„Во годаровски манир, по малку поигрувајќи си со историјата/историите, или приказната/приказните на филмот, оваа година со омаж на Годар како една неизбежна одредница и лик во светската филмска историја-приказна, со радост ви го најавуваме 13. издание на нашиот и ваш ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ во кој централно место ќе има токму *Фокусот Годар*, со неколку ретки и исклучително вредни синефилски уживања коишто ги подготвивме за нашата верна публика. Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa.“

 

Богатата филмска/фестивалска програма е организирана во: Ревијална програма: филм-философија, двете компетитивни програми: Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови, Ретроспектива, Придружна програма (со Фокус Годар), Едукативна програма и Интернационална конференција „Филозофија и филм“, а Фестивалот работи и на два издавачки проекти

Како традиционални настани што и претходат на главниот дел од програмата во текот на минатиот месец ФФФ ја започна едукативната програма. Taa e поделена на три сегменти: Средношколска видео лектира, Работилници за млади и Фил(м)ософија со деца. Од почеток на април, па се до крајот на фестивалот има настани од оваа програма низ повеќе локации низ Македонија.

Средношколската видео лектира започна на 4 април во Младинскиот културен центар во Скопје за учениците од Скопје (6 гимназии) и Велес се одржа проекција на филмот ДУХОТ НА УЛИШТЕТО (El espiritu de la colmena / The Spirit of the Beehive, 1973) на Виктор Ерисе, а потоа во периодот од 5 до 11 април проекции се одржаа и во други градови. Учество земаа околу 420 ученици од 16 училишта во 11  градови. Учениците ги испраќаат своите есеи најдоцна до 5 мај, а од сите од нив, тричлената стручна комисија во состав: Вангел Ноневски, Марија Тодороска и Владимир Мартиновски ќе ги одбере трите најдобри есеи за ова издание. Доделувањето на наградите ќе се одржи на специјален настан во Кинотеката (27 мај, 16:00 ч.).

Во втората половина на април и почетокот на мај, во рамките на фестивалот, се одржани и 7 работилници за млади во повеќе градови, на актуeлни општествени теми со филмска подлошка. Во рамките на оваа програмска линија/овој програмски сегмент ќе се одржат и работилници за млади заинтересирани за естетиката на филмскиот јазик на возраст од 17 до 19 години.  На работилницата која ќе се одржи од 20 до 27 мај ќе може учествуваат десетина учесници, ќе ги води нашиот филмолог д-р Атанас Чупоски, а сите заинтересирани ќе може да се пријават преку социјалните мрежи на фестивалот.

И последниот сегмент од ЕП (фил(м)ософија со деца) е наменет за најмалите философи и филмофили, учениците од 9-11 години, и е поврзан со гледање на филм на децата и потоа одржување на дискусија и фил(м)ософска работилница (физички, во Скопје и онлајн, за децата низ Македонија). Годинава, деца од 9 до 11 годишна возраст, под менторство на д-р Мартин  Поповски,  ќе го гледаат јапонскиот анимиран филм „Мираи“ (Mirai 2018) и ќе дискутираат на избрана тема. Оваа работилница, ја користи токму имагинацијата како импулс за детското автентично размислување (без наметнување на туѓи ставови и гледишта) за важни прашања за семејството, љубовта, љубомората, разбирањето, емпатијата… прашања кои го отвораат патот кон „Другиот“ и кон сопственото растење и созревање. Сите заинтересирани ќе може да се пријават преку социјалните мрежи на фестивалот.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, и ќе се одржи со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура на Р.С. Македонија, во соработка со Кинотеката на С. Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот .

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Жан Лик ГодарКинотека на РСМФилозофски филмски фестивал
Next Post

Пакистан и авганистанските талибанци се договорија да ја зајакнат трговијата и да ги подобрат дипломатските односи

НАЈНОВО

Скопје добива вода, но сè уште со слаб притисок по големиот дефект во Влае

October 6, 2025
Повеќенеделни антируски окупациски протести во Тбилиси во летото 2019 година, кои следеа по посетата на рускиот пратеник Сергеј Гаврилов во главниот град на Грузија. Фото: Еана Корбезашвил

ЕУ остро ја критикуваше Грузија за локалните избори

October 6, 2025

Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk