Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е пресреќен за наградата „Лауреус“ во категоријата „Откритие на годината“.
-Неверојатно посебна ноќ во Париз! 🏆😍 Ви благодарам за наградата. Благодарност до академијата и сите што го овозможија ова. И, се разбира, честитки до сите победници и номинирани! 😘“, напиша Шпанецот на Твитер.
Дваесетгодишниот Алкараз кој изминатиот викенд го освои Мастерсот во Мадрид, во моментов е на втрото место на АТП ранг-листата.