ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува со работа Македонската берза за електрична енергија

May 9, 2023 15:13
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската берза за електрична енергија почнува да функционира од утре, а првиот договор за откуп на енергија индексиран кон MEMO DAM индексот е склучен со компанијата ЕДС АД.

Од ЕДС соопштија дека ќе бидат меѓу првите компании трговци со електрична енергија која што ќе обезбедува електрична енергија за своите клиенти преку берзата оценувајќи дека ова е значаен момент за македонскиот пазар на електрична енергија и за нив како компанија.

-Особено сме задоволни што го преземавме овој важен чекор и очекуваме преку интензивна работа да градиме плодна соработка со Македонската берза за електрична енергија и преку неа да обезбедуваме сигурно и исплатливо снабдување со електрична енергија за нашите клиенти, наведуваат во соопштение од компанијата.

Македонската берза на електрична енергија ќе биде имплементирана и водена од Националниот оператор на пазар на електрична енергија -МЕМО ДООЕЛ-Сопје. На почетокот берзата на електрична енергија ќе се одвива во границите на земјава се додека не се реализира првиот маркет каплинг, односно првото спојување со некоја од соседните берзи.

На берзата ќе можат да тргуваат сите учесници на пазарот на големо на електрична енергија, кои се регистрирани во регистарот на учесници на пазарот на електрочна енергија, кој го води МЕМО ДООЕЛ-Скопје како оператор на пазарот.

Нивниот старт со работа на организираниот пазар на електрична енергија, пазар ден-однапред, како што порачуваат во најавата за настанот, е исклучително важно постигнување за државава со кое се воспоставува модерен пазар на електрична енергија и се подобрува инвестициската клима за обновливи извори на енергија.

Според најавите, на промоцијата утре ќе биде презентирано како со пазарот ден-однапред се обезбедува конкуренција за постигнување оптимални цени на електричната енергија, подобрување на користењето на енергетската мрежа и обезбедување на дополнителни можности за инвестиции во областа на обновливи извори на енергија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: електрична енергијаМакедонска берза
Next Post

9 мај, еден Ден по победата во Европа над фашизмот

НАЈНОВО

Христијан Мицкоски, како генерален директор на ЕЛЕМ (ЕСМ) и Гордана Димитриеска Кочоска како директор на финансии на ЕЛЕМ (ЕСМ).

Истражување на Рацин.мк: Има некоја (не толку тајна) врска меѓу „Марковски” и ВМРО-ДПМНЕ

October 16, 2025

На 19 ноември почнува судењето за трагедијата во која загинаа 63 лица

October 16, 2025
Скриншот

Блокада на владата на САД, Сенатот не успеа да го усвои републиканскиот закон за привремено финансирање

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk