ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска на 51. МОВ: Музиката на „Набуко“ е крик на  сите народи за слобода и обединување во траен мир

May 10, 2023 11:06
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Со звуците на „Триумфалниот марш“ од Вердиевата „Аида“ и со палењето на фестивалскиот оган, кој го запали маестро Томислав Шопов, во Националната опера и балет свечено беа отворени меѓународните 51. Мајски оперски вечери.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во своето обраќање пред присутните, премиерната изведба на операта „Набуко“ од Џузепе Верди ја поврза со 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа.

„Библиската старозаветна приказна за покорените и протерани Евреи од својата татковина и силината на музиката на ’Набуко‘ се како копнеж, крик на  сите народи за слобода и обединување во траен мир. Зашто Набуко не е единствениот низ историјата кој безразумно урива, поробува и убива. За жал, такви ликови имало и ги има. И ним уметноста никогаш не им била на срце. За среќа, не ѝ се ни тие на срце на уметноста“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Музичките критичари, додаде таа, за „Набуко“ ќе напишат дека изведбата на оваа опера можат да си ја дозволат само оперските куќи кои располагаат со вистинска вокална моќ.

„Нашата Опера и балет ја има таа моќ на која ќе сведочиме и вечерва благодарение на сите оние што ја основаа, ја подигнаа и ја издигнаа во врвна национална установа. Им благодарам и на сите режисери, диригенти, костимографи и сценографи кои дојдоа и доаѓаа како странски гости, а си заминаа со чувство како да си одат од дома“,  рече министерката за култура.

Годинава фестивалот е во знакот на одбележувањето на 210-годишнината од раѓањето на Џузепе Верди, а „Набуко“ во НОБ ја постави екипа од Италија. Диригент беше Даниеле Аџиман, режисер Ренато Бонајуто, а како солисти настапија Марјан Јованоски, Абигале Злата Тошевска, Игор Дурловски и други, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет, женскиот балетски ансамбл и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

На „Мајските оперски вечери“, кои ќе траат до 31 мај, ќе бидат изведени и: балетот „Лебедово езеро“ од Чајковски, операта „Кармен“ од Жорж Бизе, „Травијата“ од Верди. Јубилејот 210 години од раѓањето на големиот композитор Џузепе Верди ќе биде одбележан со изведба на едно од најмоќните и најдраматични дела во историјата на класичната музика, „Реквием“, каде што ќе свири оркестарот на Филхармонијата, а ќе настапи и хорот од НОБ.

Педесет и првото издание на „Мајските оперски вечери“ ќе биде затворено на 31 мај со изведба на Вердиевата „Аида“.

Tags: „Набуко“Костадиновска Стојчевска
Next Post

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk