ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од хартија до пиксели – дигитална трансформација на општините

May 10, 2023 13:08
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дигиталната трансформација на локалните самоуправи во Северна Македонија е еден од клучните предизвици кој ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно испорачување на општинските услуги кон граѓаните, како и поголема транспарентност и одговорност во работењето на општинските власти. Овој процес, од друга страна, носи директни придобивки и за локалните самоуправи, преку намалување на трошоците и автоматизација на работните процеси. Предизвиците и можностите за дигиализација на општините беше главна тема на денешната конференција „Од хартија до пиксели: дигитална трансформација на општините“.

„Свесни сме дека напредокот на ова поле не е воедначен. Некои институции се понапред во користењето на новите технологии за да ја унапредат својата работа. Поради разликата во ресурсите со кои располагаат, разликите во напредокот се присутни и кај општините. Токму затоа е важен стратешкиот пристап, односно обезбедување услови и градење атмосфера во која сите делови од системот ќе се придвижат напред и ќе се модернизираат. Само со сеопфатен пристап ќе се осигура исполнувањето на целта – граѓаните во сите делови на земјата да имаат придобивки од дигитализацијата“, порача Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење.

Дигитализација треба да се одвива паралелно на централно и на локално ниво, затоа што граѓанинот во основа не го интересира кој ја дава услугата, туку колку лесно и брзо може да ја обезбеди, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

„Неопходна е дигитализација на општините затоа што граѓанинот сака пристапни, брзи и транспарентни услуги. Сега сме во фаза кога нѝ е потребен посистематски приод и наместо општина по општина да го примениме пристапот услуга по услуга. На тој начин услугата е воеднаечена во сите општини, а трошоците за нејзино обезбедување можат да ги споделат сите општини преку набавка на заедничка опрема“, истакна Пенов.

Швајцарија е еден од најголемите поддржувачи на демократизацијата и децентрализацијата во државата, процеси при кои дигиталната трансформација игра значајна улога.

„Дигитализацијата на услугите и процесите се високо на швајцарската агенда за управување и споделување знаење и експертиза. Ова е еден од темелите на напорите на Швајцарија за развојна соработка, и на глобално ниво и тука во Северна Македонија. Двете димензии, националната и швајцарската посветеност, објаснуваат зошто дигитализацијата е приоритет на Швајцарската програма за развојна соработка во Северна Македонија и столб на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој има цел да ги зајакне капацитетите на локалните самоуправи со фокус на општинските совети“, изјави Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) преку своите проекти ја поддржа имплементацијата на ЛОГЕС – првиот софтвер за е-услуги на локално ниво во државата, кој веќе оперативно функционира во 18 општини. Дополнително, УНДП имплементира иновативни дигитални алатки за поголема транспарентности и одговорност во работењето на локалните самоуправи, а работи и на развој на македонски модел на е-општина.

„Сите овие активности што ги спроведуваме се доказ дека дигиталната трансформација не се однесува само на технологијата туку и на транспарентноста и на подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните. Процесот на дигитализација на општините не може успешно да се спроведе без градење партнерства помеѓу сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и граѓаните со нивните потреби и очекувања“, рече Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.

На денешната конференција учествуваа претставници на државни институции, општините, граѓанскиот сектор, бизнис секторот, кои ги споделија своите мислења за тоа како треба да продолжи процесот на дигитална трансформација на локалните самоуправи во Северна Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дигитална трансформацијаопштини
Next Post

Одложена комеморацијата за убиените ученици во „Рибникар“, родителите испратија седум барања до државата

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk