Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски на која се разговараше за актуелните состојби во јавнообвинителскиот и судскиот систем.
Јолевски побара во Стратегијата за реформи во правосудниот систем 2023-2027 година да се зголеми надлежноста на Советот на јавни обвинители во делот на одговорноста и во упатувањето на јавните обвинители.
Се предлага , Советот да има можност да поднесува предлог за поведување на дисциплинска постапка.
Министерот Лога посочи дека ваквите предлози ќе бидат разгледани при изготвувањето на Стратегијата.
На состанокот се дискутираше и за подобрување на АКМИС и Кејс менаџмент системот, се вели во соопштението на МП.