Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Викторија Билинг, директорка за Европа во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Двајцата соговорници разговараа за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, регионалните предизвици, соработката во НАТО Алијансата, како и за европската перспектива на Северна Македонија.
На средбата беше реафирмирано долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната британска поддршка и успешната соработка во повеќе области.
Во таа насока, претседателот истакна дека процесот на европската интеграција на земјава и натаму претставува главна движечка сила за трансформација на општеството, којшто позитивно влијание врз стабилноста и развојот на целиот регион.