Реал Мадрид вечерва ремизираше на домашен терен со Манчестер сити во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите – 1:1.
Стрелец на голот за Реал беше Винисиус Жуниор во 36. минута, „Граѓаните“ одговорија преку Кевин Де Брујне во 67. минута.
Натпреварот беше 190-ти натпревар за менаџерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во Лигата на шампионите. Тој се израмни со рекордерот во елитното натпреварување Алекс Фергусон.
Реваншот од 1/2 финалето ќе се одигра во Манчестер на 17 мај.
Утревечер во првата пресметка од втората полуфинална двојка ќе се соочат Милан и Интер.