ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со финансиска поддршка од Европската Унија, денес започнавме нов IPA проект за реформи во шумарството

May 10, 2023 18:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Денеска, во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа настан со кој официјално беше одбележан  почетокот на  нов ИПА проект „Поддршка на реформите во шумарството во Република Северна Македонија“

Проектот има временска рамка за имплементација од две години, заклучно со март 2025 година и е со вкупна вредност од 1.260.000 милиони евра. На настанот присуствуваше и шефот на делегацијата на Европската Унија, неговата екселенција амбасадорот Дејвид Гир, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, деканот на Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Кирил Сотировски, претствници на конзорциумот Партицип Картеко  кои се имплементатори на проектот, како и директори на институции и претставници на секторот шумарство.

Унапредувањето на шумарството е една од нашите стратешки цели и токму во таа насока е и почетокот на овој нов ИПА проект, кој ќе овозможи квалитетно реформирање на секторот усогласено со стандардите на ЕУ.

„Проектот претставува континуитет на завршени два помали подготвителни  IPA проекти, кои беа основа за почеток на сегашниов трет по ред од областа на шумарсвото. Со првиот се изготвија потребните анализи, со вториот  се изготви драфт верзија на новиот Закон за шумите, и се ревидираше постојната Стратегија за одржлив развој на шумарството во државата, а овој трет и најголем IPA проект, треба да даде подршка на конкретните реформи во Шумарството во Република Северна Македонија“ изјави министерот Николовски.

Прокетот ќе се реализира низ четири поткомпоненти кои ќе дефинираат изработка на нацрт верзии на нов  Закон за агенција за шумите и нов Закон за државна компанија за шумарство. Ќе се дефинираат и стратешки планови за основање на Агенција за шуми и реструктуирање и трансформација на Јавното претпријатие Национални шуми во државно друштво со ограничена одговорност или АД. Ќе се воспостави нов веб-базиран Интегриран информациски систем за шуми (IFIS), како предуслов за ефикасно управување со шумите и спречување на нелегалната сеча, превенција и справување со шумските пожари, следење на дрвна маса и воведување нови бази на податоци кои се од големо значење за шумарството и ловството. Прокетот вклучува и воведување на мобилна апликација за побрзо идентификување и размена на информации, што значително ќе ја олесни работата на сите вклучени во секторот шумарство.

Ќе се развие и Национална инвентаризација на шуми – на пилот ниво и нови инструменти за планирање како што е План за одржлив развој на шумите.  Прокетот предвидува и одржливост на стопанисувањето со шумите проценета и потврдена преку Сертификација на шумите и издаден сертификат за повеќе од 100,000 ha шуми во нашата држава.

Министерот Николовски го искажа своето убедување во успехот на проектот нагласувајќи дека реформите во шумарскиот сектор кои претстојат, ќе го доближат шумарството до ниво кое треба да го има држава која со крупни чекори се движи кон местото кое и припаѓа, а тоа е држава полноправен член на обидинетото европско семејство.

Воедно министерот упати благодарност до Делегацијата на Европската Унија и амбасадорот Гир, за континуираната поддрша со која безрезервно ни помагаат на нашиот пат кон побрза евроинтеграција.

Tags: ЕУИПА проектреформи во шумарство
Next Post

(ВИДЕО) Мал аплауз од Скопје за руските злосторства во Украина

НАЈНОВО

Фото: КФСМ

Илиевски по победата над Унгарија: Напредуваме, но ништо не може преку ноќ

August 21, 2025

Годишната инфлација во ЕУ во јули 2,4 проценти

August 21, 2025

Активни пожарите во „Јасен“ и кај селата Беловодица и Церово, затворен патот Скопје – Македонски Брод

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk