Интер вечерва како гостин го победи Милан во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со 2.0.
Едик Џеко го отвори резултатот во 8. минута, а три минути подоцна Хенрих Мхитарјан го удвои водството на „нероаѕурите“.
Реваншот ќе се игра на 16 мај.
На првиот натпревар во другата полуфинална пресметка, Реал Мадрид и Манчестер сити вчера одиграа нерешено 1:1.