ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Извештај: Поради војната и природните катастрофи рекордни 71 милион луѓе интерно раселени во 2022 година

May 11, 2023 10:55
in ДЕНЕС, СВЕТ

Минатата година во светот е забележан рекордно висок број од 71,1 милиони внатрешно раселени лица. Ова е последица на војната во Украина, но и на природните катастрофи, покажува денеска објавениот извештај на Центарот за мониторинг на внатрешно раселени лица и Норвешкиот совет за бегалци.

Бројот на внатрешно раселени лица од 71,1 милиони во светот претставува зголемување од 20 отсто во споредба со 2021 година, се вели во извештајот.

До крајот на 2022 година, 5,9 милиони луѓе биле принудени да се преселат во Украина поради руската инвазија, со што вкупниот број на внатрешно раселени лица поради конфликти и насилство ширум светот достигна 62 милиони, што претставува зголемување од 17 отсто во споредба со претходната година.

Сирија има 6,8 милиони луѓе раселени поради конфликтот по повеќе од десет години граѓанска војна.

Бројот на раселени лица во земјата на крајот на 2022 година поради природни катастрофи, како што се поплави и глад достигна 8,7 милиони, што е зголемување за 45 отсто во споредба со 2021 година.

Терминот внатрешно раселени се однесува на лица кои се принудени да се движат во границите на својата земја, а во извештајот на Центарот за следење на внатрешно раселените лица не се наведени лицата кои се преселиле во други земји.

Агенцијата за миграции на ОН соопшти дека за само неколку недели оваа година, поради конфликтот во Судан меѓу армијата и ривалската паравоена група, околу 700.000 луѓе се внатрешно раселени во таа земја.

Центарот за следење на внатрешно раселените лица го наведе временскиот феномен Ла Ниња, кој се случува трета година по ред, како главен фактор за раселување на населението поради катастрофи во 2022 година. Феноменот доведе до рекордно раселување поради поплавите во Пакистан, Нигерија и Бразил и најтешката суша во Сомалија, Кенија и Етиопија, се вели во извештајот. Во 2022 година, голем број конфликти и природни катастрофи се совпаднаа, што доведе до раселување во размери што досега не се видени, рече Јан Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци.

Tags: војнаприродни катастрофираселени
Next Post

Започна чествувањето на јубилејот 15 години Лекторат по македонски јазик во Риека

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk