ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МТСП: Неуспешен обид на Левица за дискредитирање на позитивните политики наменети за  најранливата категорија граѓани

May 11, 2023 14:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Министерство за труд и социјална политика. Фото: Ангел Ангеловски

Министерство за труд и социјална политика. Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

По повод објавите на социјалните медиуми во врска со третманот на децата сместени во згрижувачки семејства и групни домови, а во врска со работата на Министерството за труд и социјална политика, објавени на ФБ страницата на политичката партија – Левица, Министерството ги оцени како неаргументирани, неиздржани и паушални.

Во насока на точно информирање на јавноста и целосно демантирање на изнесените невистини, Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека целта на социјалната реформа е соодветно згрижување и сместување на секое дете врз основа на претходно направена проценка од страна на стручни надлежни лица од релевантните институции. Се избира најсоодветна форма на грижа а тргнувајќи од најдобриот интерес на детето и во согласност со законите кои што ги регулираат правата на децата.

 Деинституционализацијата  е дел од социјалната реформа која обезбедува  пред се, соодветни хумани услови за живот во интерес на правилен развој, социјализација, ресоцијализација, реинтеграција и инклузија на децата во ризик.

Согласно претходно наведеното постојат повеќе форми на грижа за децата и тоа: мали групни домови за деца без родители и родителска грижа, мали групни домови за деца со воспитно-социјални проблеми и деца со нарушено поведение, станбени единици за живеење со поддршка на лица со попреченост како и згрижувачки семејства.

Воспоставени се 7 мали групни домови (МГД) при ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение, 4 при ЈУ „11 октомври” за деца без родители и родителска грижа и уште 8  МГД во Штип, Кавадарци,  Берово и Битола,  55 станбени единици за живеење со поддршка на лица со попреченост и 360 згрижувачки семејства на ниво на држава.

Тоа се околу 95 деца сместени во мали групни домови, 275 лица со попреченост во станбени единици и 608 деца/лица во згрижувачки семејства.

Горенаведените форми на грижа се најблиски на една здрава семејна средина и им овозможуваат на децата сигурен и безбеден начин на живеење за нивни правилен раст и развој. Во рамки на истите секое дете добива еднаков индивидуален третман и 24 часовна грижа од страна на стручни лица .

Секој потенцијален згрижувач мора да ги исполни законски уредените критериуми како што се: возраст, станбено материјална состојба, здравствена состојба, лична подобност (доказ од казнена евиденција), проценка на лични потенцијали и компетенции и задолжителна обука за стекнување на статус на згрижувачко семејство. Потенцираме дека неисполнувањето на еден од овие услови го исклучува лицето/семејството  од можноста за стекнување на статус на згрижувачко семејство.

Центрите за поддршка на згрижувачки семејства имаат законска обврска да ја спроведат проценката на подобноста на секој потенцијален згрижувач, како и обврска да го следат квалитетот на грижа и работата на згрижувачките семејства и континуирано јакнење на компетенциите на згрижувачите.

Доколку се утврди неправилна грижа кон сместените корисници на услуги, стручните лица од центрите за поддршка постапуваат согласно своите надлежности или поконкретно одземање на правото на згрижувач. Контролата на квалитет на грижа се спроведува и ненајавено преку  посети на згрижувачите семејства, посети во училиштатата и детските градинки.

Како пример наведуваме дека изминатата 2022 година, Центарот за поддршка при ЈУ „11 Октомври“, има направено 638 посети во сите 168 згрижувачки семејства кои се во негова надлежност.

За квалитетот на грижа и условите во кои престојуваат децата,  претставници на министерството и министерката Тренчевска лично преку редовни посети остваруваат директен и реален увид во тековните случувања и работењето на истите.

Оттука, ширењето на дезинформации и неаргументирани изјави како наведените од Левица се на штета на сите граѓани, потенцијални згрижувачи и згрижени деца. Затоа што создаваат нереална и искривена слика и предизвикува чувство на загрозеност и несигурност кај граѓаните.

Министерството за труд и социјална политика ова го оценува како прибирање на политички поени на грбот на најранливата и најосетлива категорија на граѓани во системот на социјална заштита, се вели во реакцијата на МТСП.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЛевицаМТСПреакција

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео на DWS News

Британските пратеници изгласаа забрана за пропалестинска активистичка група според законот за борба против тероризмот

July 3, 2025

Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

July 3, 2025

Водечки европски компании побараа „паузирање“ на Законот за вештачка интелигенција на ЕУ

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како Лабубу му донесе милијарди на Ванг Нинг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk