ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Приоретизација на стратешките области на Националната развојна стратегија

May 11, 2023 13:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се одржа работилница фокусирана на приоретизација на стратешките области на Националната развојна стратегија. Цел на оваа работилница беше методолошки и според дефинирани чекори да се издвојат најбитните стратешки области на Националната развојна стратегија. Националната развојна стратегија е комплексен процес за водење, на кој е потребна заедничка работа и синергија на сите постоечки сектори во државата. Овој процес е од големо значење за иднината односно развојот на нашата држава и затоа бара методичност и внимателен пристап при креирањето.

Националната развојна стратегија како 20 годишна стратегија за развој треба да ги мапира и да ги постави насоките на развојот и соодветно да ги искористи ресурсите со кои располагаме како држава. Креирањето на стратегијата не смее да зависи само од политичка волја, туку мора да биде заеднички процес, на сите чинители. Во таа насока освен денешниот настан, одржани се состаноци со академија, собрание, МАНУ, граѓански сектор, над 40 визионерски работилници во сите плански региони на кои учествуваа над 3.000 граѓани, а поставена е и платформа за јавни консултации – www.nrs.mk.

На настанот свое излагање имаа Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, министер за финансии, Н.Е. Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство, Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.

За важноста на настанот, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи истакна – „ Националната развојна стратегија ќе нѝ ја даде потребната јасност и визија за развојните цели и патека на нашето општество. За остварување на оваа стратегија, ќе биде потребно да вложиме напор и придонес сите ние, заедно, за нашата држава. Пред 30 години одлучивме дека ќе имаме суверена независна држава, сега 30 години подоцна имаме остварено една од главните стратешки приоритети а тоа е дел од НАТО алијансата. Веќе сме на патот за исполнување на втората главна стратешка определба која е заедничка, а тоа е полноправно членство во Европската Унија. Сега е време, имаме доволно искуство и колективна мудрост заедно да го видиме развојот кој ни е важен и каков сакаме да биде во следните 20 години”.

Дополнително министерот за финансии, Фатмир Бесими забележа – „Националната развојна стратегија ги инкорпорира стратешките определби кои веќе се поставени високо на листата на приоритети на земјата и за нивно спроведување се очекува широка поддршка и силна организациска структура. Таа е сублимат на сè она што и досега го правиме и ја изразува нашата силна волја во тоа да успееме”.

Свое видување за Националната развојна стратегија даде и Н.Е. Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство кој наведе дека – „ Долгорочна Национална стратегија за развој бара поддршка од сите. Потребни се заложби од сите политички партии, отсликани во изборните програми на политичките партии. Граѓаните треба да ја видат политичката посветеност за постигнување заеднички договорени цели во сите политички визии. Многу труд се вложи за да дојдеме до оваа точка. Податоците собрани во претходните фази на Националната стратегија за развој сега треба да се стават под теми со фокус на потребите на граѓаните на оваа земја”.

Забелешката по однос на настанот и важноста на Националната развојна стратегија даде и Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка, кој кажа – „Фактот дека постои голем интерес е доволен и сигурен показател дека е избран вистинскиот модел за изработка на документ за кој слободно можам да кажам дека е од клучно значење за економскиот и социјалниот напредок на земјата”.

Како сублимирање на напорите за креирањето на стратегијата свој осврт даде и Армен Григорјан, постојан Претставник на УНДП кој потенцираше – „ Според мене, нема поголема потврда дека сме на вистинскиот пат, од искажаната поддршка на сите оние кои не само што пројавија голем интерес, туку и споделија креативни идеи и иницијативи”.

На работилницата имаше големо присуство на претставници од најразлични институции од Владата на Република Северна Македонија, претставници од граѓанскиот сектор, МАНУ, експерти од различни полиња на делување, меѓународни донатори и други релевантни институции кои дадоа свој придонес во дискусијата.

Ова е редок пример каде преку инклузивен процес се вклучуваат сите вклучени страни, со цел заедничко, интердисциплинарно, наднационално и надполитичко креирање на Националната развојна стратегија, од која ќе зависат многу клучни процеси во следните 20 години.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Национална развојна стратегија

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk