„Предлог измените и дополнувањата законите што влегоа во собраниска процедура имаат за цел унапредување на ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата“, соопштија од партијата на власт.
„Коридорите 8 и 10 Д се од национален интерес со што нашата држава конечно ќе стане вистинска балканска крстосница.
Со измените на предвидените закони, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите, туку и за сите идни национални и стратешки инфраструктурни проекти, меѓу кои спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции.
Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д.
Оттаму, важно е сите пратеници да ги поддржат измените и дополнувањата, тие да бидат донесени побрзо за делниците да бидат изградени побрзо и поевтино“, додаваат од Бихаќка.