Се прават сите подготовки за да се полага државна матура на 27 мај. Вака денеска одговори министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на прашање од МИА, што ќе биде со полагањето државна матура, со оглед на тоа што се уште се штрајкува во ДИЦ. Министерот беше во работна посета на Кавадарци.
– Мислам дека од почетокот на штрајкот, мојот став е тој, дека не можеме секогаш да ги поврзуваме важните процеси, со некои барања. Тие да, ги поддржувам барањата, но пак мојот конечен став, е, дека државната матура ќе се полага на 27, кога што е предвидено според рокот. Не само дека е барање на министерот, но исто така е барање и од средношколците и како такво барање, мислам дека денеска и во комуникација со ДИЦ и вчера имаа состанок Управниот одбор на ДИЦ. Според информациите што јас ги добивам како министер, се прават сите подготовки за да се полага државна матура на 27, рече министерот. Ако е потребно, нагласи „и кадар на вработени од страна на Министерството ќе доставиме од понеделник, за да може да ги завршиме работните задачи“.
Тој рече дека ги поддржува барањата, да се види момент за реализирање целосно на тие барања.
– Знаеме дека се работи за еден мал број на вработени, но причина е дека се чека системското решение со општиот колективен договор и после тоа може да се вклучува дискусија помеѓу ДИЦ, директорката и вработените, за да се постигнуваат тие нивни максимум барања, подвлече Шаќири.
Исполнување на барањето за финансии, рече тој, покачување на платите, но според максимумот што може да се даде во моментов.
Но понатаму нека се продолжи, исто така да има државна матура, па и според информациите што ги имам, државна матура ќе мора да се полага на 27, изјави министерот за образование и наука во Кавадарци.