За време на протестот „Србија против насилството“, нешто по 20 часот, кога почна да се стемнува, граѓаните спонтано ги вклучија мобилните телефони за да го „вклучат светлото во Србија“, а тоа беше пропратено со громогласен аплауз.
Во 18 часот пред Собранието на Србија во Белград се одржа вториот протест на Србија против насилството. Протестот го организираше дел од опозицијата која бара одговорност од властите за двете масовни убиства што се случија минатата недела во Србија.
На почетокот на протестот беа прочитани барањата, а потоа поворката се прошета, а на крајот беше блокиран и мостот на Газела.
Видео: Danas.rs.