ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ескобар: Не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот, туку да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија

May 13, 2023 13:56
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија. Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Затоа, се надевам дека сите страни на политичкиот спектар ги поддржуваат потребните промени за да можеме да продолжиме напред во унапредување на кандидатурата на Северна Македонија, вели заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Во интервју за Гласот на Америка, Ескобар нагласува дека земјата треба да продолжи напред што е можно побрзо.

Кредибилитетот на процесот на проширување, истакнува Ескобар, зависи од Северна Македонија.

-Она што би сакал да го слушнам од опозицијата е посветеноста на патот на евроатлантските интеграции. И тоа вклучува разгледување начини како Македонија да се доведе до следната Меѓувладина конференција. Би рекол дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од Северна Македонија. Имаме земја која направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор и мислам дека го заслужува следниот чекор. И мислам дека сите, и во рамките на Европската унија, и во политичките структури на Северна Македонија, треба да направат сè што е можно за ова да успее, подвлекува Ескобар.

Тој ја коментира и изградбата на автопатите.

-Имаме дијалог со Владата за конкретни наводи и конкретна поддршка што можеме да ја дадеме. Можам да ви кажам дека од Вашингтон, нашата најголема грижа е дека корупцијата е еден од најголемите предизвици за целиот регион, не само за Северна Македонија. Секретарот Блинкен и премиерот Ковачевски долго разговараа за тоа за време на нивниот состанок, за начините на кои можеме да работиме заедно за намалување на корупцијата во регионот. Имаме силен интерес да се погрижиме Северна Македонија и останатите земји од регионот да го направат својот дел за намалување на корупцијата и спроведување на владеењето на правото. Сè што можам да кажам е дека имаме добро партнерство со Северна Македонија. Тие прават реформи за корупција и ние мораме да продолжиме да ја продлабочуваме таа соработка, вели Ескобар во интервјуто за Гласот на Америка.

Извор: МИА

Tags: евроатлански интеграцииЕскобаруставни измени
Next Post
Фото: Влада.мк

Машините на терен, подготвителните градежни работи на Коридорот 10д продолжуваат, се подготвува изградбата на модерниот автопат Прилеп - Битола

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Проширувањето на ЕУ е реална можност во наредните години

November 4, 2025

Извештај на ЕК: Северна Македонија со стратешки избор, но потребни се брзи реформи и уставни измени

November 4, 2025
фото: Димитар Атанасоски

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk