Министерката за одбрана Славјанка Петровска објави на својот фејсбук-профил дека утре со почеток во 10:40 часот во Основен суд 2 ќе се одржи подготвителното рочиште за судскиот спор кој таа го иницираше против искажаните невистини на Драган Ковачки кон неа.
Како што ветив ќе побарам судењето да биде транспарентно и јавно, а сите лаги кои Ковачки ги измисли против мене во изминатиот период, ќе бидат разобличени, напиша Петревска.