Денеска од 09:45 часот во основното училиште „Петар Поп Арсов” во Скопје (ул. „Трифун Бузев” бб во Oпштина Карпош) ве каниме на почетокот на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста”.
На настанот ќе се обратат Билјана Ивановска, претседателка на Државна комисија за спречување на корупција и Јоана Козма, директор на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) Скопје. Изјавите се предвидени од 09:45 часот.
Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај учениците и ученичките за штетните ефекти од корупцијата, поточно да се едуцираат за поимите интегритет и корупција, како учениците и ученичките да ја идентификуваат корупцијата и воедно да се создаде антикорупциско движење во земјава што пак ќе придонесе за општество без корупција.
Оваа кампања на Државна комисија за спречување на корупција, е дел од Активноста за анти-корупција и интегритет која ја спроведува Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС а е финансирана од УСАИД.