ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Роза Луксембург: Од девојче со инвалидитет до сексуална револуционерка

May 16, 2023 09:27
in PMD, ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Зошто некои историски личности ги памтиме по инвалидитетот, како на пример Хелен Келер, додека инвалидитетите на другите се потполно избришани од сеќавањето, како во случајот со Роза Луксембург – останува нејасно. Но неспорно е дека стекнувањето инвалидитет имало пресудна улога во животниот пат на Роза – инвалидитетот бил нејзина влезница во академскиот свет.

Роза Луксембург била петто и најмладо дете на еврејско трговско семејство од Полска. Инвалидитетот го стекнала во раното детство, како резултат на лекарска грешка. Мислејќи дека заболела од туберкулоза на коските и зглобовите лекарите ѝ одредиле погрешен третман: една година да помине во кревет, имобилизирана со гипс. Тоа предизвикало трајно оштетување на колкот така што изгледало дека едната нога ѝ е пократка од другата, што било забележливо во начинот на кој одела. Роза се ужасувала од сожалувачките погледи и се обидувала да го прикрие куцањето. Некое време носела корективна чизма со дебел ѓон.

Видливоста на нејзиниот инвалидитет веројатно ги формирала нејзините очекувања, како и очекувањата на нејзиното семејство, во однос на тоа што може да постигне како жена. Добрите колкови се знак дека жената може да ја исполни својата мајчинска улога. Заради инвалидитетот се претпоставувало дека Роза нема да може да се омажи, што ѝ ја отворило можноста да се впушти во академска кариера која не е соодветна за жените.

На училиште била ненадминлива, а воедно развивала и политичка свест. Кога матурирала отпатувала во Цирих, зашто универзитетското образование не било дозволено за жените во Полска. Во Цирих живеела во семејството на Карл Либкнехт, германски социјалист во егзил, кому заради оштетувањето на видот му била потребна асистенција. За неа тоа била можност да се запознае со работата на германската социјалистичка партија.

Еден од нејзините пријатели од тоа време ја опишува вака:

Беше ниска со непропорционално голема глава, типично еврејско лице и широк нос… Има тежок, повремено неизедначен, куц чекор. Нејзиниот изглед не ме импресионираше, но треба да се помине само малку време со оваа жена за да се види колку живот и енергија има таа во себе, дека е паметна и остра, дека е на високо интелектуално ниво.

Роза сакала сè: книги, музика, секс, уметност, вечерни прошетки и револуција. Колку што нејзиниот живот бил проткаен со политичка драма и интелектуални дискусии, толку бил проткаен и со сексуална слобода. Имала многубројни афери, паралелни врски и проактивен пристап во изборот на љубовници, меѓу кои се нашол и синот на нејзината пријателка, Клара Цеткин. Мислела дека личната среќа и борбата за социјална правда не се заемно исклучиви.

Кога луѓето би се откажале од сексот и уметноста додека подготвуваат револуција, би создале уште побездушен свет од оној што сакале да го променат.

Едно од нејзините најважни согледувања е дека социјализмот мора да се развива одвнатре кон надвор, луѓето да се хуманизираат (или социјализираат) во секојдневна внатрешна борба дури и кога работат на радикални промени. Инстинктивно чувствувала дека социјалистите мораат да ја сочуваат емпатичноста во сите фази на своите револуционерни животи. Каков свет би создале инаку? Кому би му служел таков свет? Дали во него квалитетот на човечкото постоење би било навистина унапредено?

Превод: Алек Кузмановски / Окно.мк

Извор: https://portaloinvalidnosti.net/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Роза Луксембург

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk