Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на четвртиот самит на Советот на Европа потенцира дека Северна Македонија целосно ја поддржува Декларацијата од Самитот и сите нејзини анекси.
-Ние веруваме дека тие обезбедуваат солидна агенда за решавање, заедно со нашите партнерски организации – особено Европската Унија – на проблемите и грижите што ги споделуваме. Како земја која ги започна преговорите за членство во ЕУ, но и како претседавач со ОБСЕ и членка на НАТО, Северна Македонија ќе продолжи во практика да ја покажува својата цврста посветеност на мултилатерализмот и на основните вредности на слободата, мирот, просперитетот и безбедноста за Европа. И нашата посветеност кон Украина особено, како што правевме досега. Како и многупати досега, застанавме на вистинската страна на историјата, ја осудивме војната и ја дадовме секоја помош на Украина што можевме, истакна премиерот.
Ковачевски нагласи дека земјава ќе продолжи да пружа помош за Украина, бидејќи, како што оцени, тоа е правилната работа.
-Би сакал да му се заблагодарам на исландското претседателство за нивните неуморни напори за успех на Самитот и да му ја посакам на претстојното летонско претседателство истата издржливост и посветеност во реализацијата на резултатите за кои се договоривме на овој историски настан за Советот на Европа. Да ја потврдиме и да ја зајакнеме примарната улога, како што многумина пред мене се осврнаа во