ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Започнува кампања за поддршка на луѓето кои живеат во неформални населби

May 17, 2023 10:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Хабитат Македонија заедно со партнерските организации ширум светот ја започнуваат петгодишната кампања „Домот е еднаквост“ (Home Equals) преку која се иницираат промени на политиките на локално, национално и глобално ниво со цел да се зголеми достапноста до адекватно домување за луѓето кои живеат во неформалните населби.

Како дел од кампањата Домот е еднаквост, Хабитат Македонија презема активности на застапување за обезбедување на сигурност на живеалиштата, енергетска ефикасност и урбанизација на маргинализираните заедници, а предвидени се и показни проекти во две општини – Шуто Оризари и Куманово, каде во неформални населби претежно живеат припадниците на ромската заедница. Според податоците на Програмата за човекови населби на Обединетите нации околу 3,7% од вкупното население во Македонија или околу 77.000 лица живеат во неформални населби. Овој процент се зголемува на 6,4% доколку се земе предвид населението кое живее во урбани средини.

“Жителите на неформалните населби се значаен фактор доколку се земе предвид дека тие самите наоѓаат решение за својот проблем со домувањето,” изјави Зоран Костов, Извршен директор на Хабитат Македонија. “Соодветните политики на локално и на национално ниво може да ги отстранат пречките со кои овие жители се соочуваат и да ги унапредат условите преку кои ќе се создаде подобра иднина за многу повеќе луѓе. Тие едноставно ја заслужуваат можноста да живеат во безбеден и сигурен дом, како еден од клучните фактори за подобро здравје, социјална сигурност, образование, вработување и други основни потреби и права за квалитетно живеење.”

На глобално ниво, Habitat for Humanity ги повикува земјите членки на G7 — кои треба да се сретнат овој викенд во Хирошима, Јапонија – да го препознаат еднаквиот пристап до домувањето како клучна алка во развојот и напредокот, и да се обврзат да одговорат на потребите за домување во неформалните населби како начин за унапредување на меѓународните развојни приоритети во области како што се економскиот раст, здравството и образованието.

Со подобрувањето на домувањето во неформалните населби, суштински се подобрува економскиот и човековиот развој, се наведува во извештајот што е објавен денес како поддршка на кампањата Домот е еднаквост. Ова е прв извештај од ваков вид на Habitat for Humanity, изработен во партнерство со Меѓународниот институт за животна средина и развој (International Institute for Environment and Development, или IIED), во кој се развиени модели за пресметување на придобивките кои би се добиле од унапредување на домувањето во однос на економскиот раст, приходите, здравјето и образованието.

Во извештајот се наведува дека БДП и приходот по глава на жител може да се зголемат и до 10,5% во некои земји и дека на глобално ниво може да се спасат околу 730.000 животи што е повеќе од бројот на смртни случаи кои би се спречиле доколку се искорени маларијата. Според моделот, пресметано е дека дополнителни 41,6 милиони деца би се вклучиле во образовниот процес, односно секое шесто дете кое е надвор од образовниот систем низ светот.

“Овој извештај е во прилог на доказите дека обезбедувањето пристап до адекватно домување за луѓето кои живеат во неформални населби не е само вистинската работа – тоа е и паметна работа што треба да се направи”, изјави Џонатан Рекфорд, претседател и главен извршен директор на Habitat for Humanity International. “Преку кампањата Home Equals, ние и нашите партнери сме посветени на преземање активности, со цел, кога станува збор за местата кои ги нарекуваме дом, повеќе од 1 милијарда луѓе кои живеат во неформални населби навистина да бидат третирани како еднакви”.

Во соработка со националните и локалните власти, како и со жителите на неформалните населби во Шуто Оризари и Куманово, Хабитат Македонија ќе ги поддржи политиките и системите што треба да се унапредат за да се задоволат потребите на лицата без адекватно домување. Сето ова треба да доведе до подобри резултати во намалувањето на сиромаштијата, унапредување на здравството, образованието и човековите права.

Tags: неформални населбиХабитат
Next Post

Генералниот секретар од грчкото МНР заминува за Албанија за случајот со притворениот градоначалник на Химара

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk