Земјоделците во Србија денеска трет ден по ред со трактори блокираат патишта и улици во повеќе градови во Војводина и централниот дел од државата.
Претходните два дена земјоделците ги блокираа патиштата во неколку градови во Војводина и централна Србија. Сточарите од Суботица, Зрењанин, Нови Сад, Пожаревац, Суботица, Рача и други делови од државата блокираа сообраќајни патишта, повремено пропуштајќи ги возила.
Целта на блокадите остана непроменета, а земјоделците бараат исполнување на сите осум барања кои претходно ги доставија до Владата на Србија и до Министерството за земјоделство.
Земјоделците бараат субвенции по хектар од 300 евра, загарантирана цена на млекото од 75 динари без данок на додадена вредност (ДДВ), дизел по цена без акциза и ДДВ, субвенциите за една крава да се зголемат од 30.000 на 40.000 динари.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во понеделникот ги одби сите барања на земјоделците.