ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

До Комисијата за спречување и заштита од дискриминација лани поденесени 248 претставки

May 19, 2023 11:21
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучно со 31 декември минатата година до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесени се 248 претставки, а дополнително поведени се и седум постапки за заштита од дискриминација по службена должност. За споредба, во 2021 година беа поднесени 86 претставки. Ова беше кажано на денешната презентација во Скопје на Годишниот извештај за работата на КСЗД за 2022 година.

Членката на КСЗД, Весна Бендевска информираше дека бројот на поднесени претставки пред комисијата, енормно расте.

– Од 86 претставки поднесени во 2021 година, 248 се поднесени во 2022 година. Тоа е најголемиот доказ дека довербата на граѓаните во оваа институција секојдневно расте. Токму тоа покажува дека сме на вистинскиот пат да ја реализираме нашата стратешка цел и визија. Комисијата да биде препознаена како релевантен, кредибилен чинител во демократизацијата на ова општество, во борбата против дискриминацијата на секој граѓанин, без оглед на нивните различности, подвлече Бендевска во изјава за медиумите пред почетокот на настанот.

Утврдена била дискриминација во 70 случаи, од кои 23 како потешки облици, односно повеќекратна, повторена, продолжена и интерсекциска дискриминација. Комисијата донела и две општи препораки од областа на еднаквоста и недискриминацијата. Донесени биле и две стручни мислења, едно за користена терминологија во материјал за формално образование, а другото за предлог на закон.

Во случаите на утврдена дискриминација во 2022 година, констатирана е повреда на правото на еднаквост врз 22 различни основи во повеќе области: 37 во јавното информирање и медиуми, 15 во работата и работните односи, 10 во пристапот до добра и услуги, шест во образованието, две во здравственото осигурување и здравствена заштита, по една во спортот и во дејствување на здруженија, фондации или други организации засновани на членство.

Заради непостапување по препораките на комисијата, поднесени се 14 барања за поведување на прекршочни постапки против утврдени дискриминатори, од кои за девет судовите повеле прекршочни постапки.

Во 2022 година, најмногу претставки се поднесени врз основа на национална или етничка припадност – 122, па врз лично својство и општествен статус – 74, потоа пол – 55, па врз припадност на маргинализирана група – 51, потоа, родов идентитет – 45, како и сексуална ориентација – четириесет и три. Има претставки поднесени врз основа на политичко уверување, социјално потекло, образование, попреченост, здравствена состојба, раса, возраст, род, јазик, семејна или брачна состојба, религија или верско уверување, друго уверување, имотен статус, боја на кожа, потекло, друга основа.

Поднесените претставки се од областа на работата и работните односи – 86, па јавното информирање и медиуми – 76, пристап до добра и услуги – 25, образование, наука и спорт – 18, социјална сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјална заштита, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита – 18, правосудство и управа – 10, домување – девет, членување и дејствување во синдикални политички партии, здруженија на граѓани и фондации или други организации засновани на членство – шест и една од областа на културата.

Кога станува збор за утврдени основи на дискриминација, најмногу има поради сексуална ориентација – 25, па припадност на маргинализирана група – 22, родов идентитет – 20, лично својство и општествен статус – 20, национална или етничка припадност – 19, пол – 17 и така натаму.

Дискриминацијата во областа на работните односи е утврдена во 15 случаи. Сите случаи во 2022 година се во институции од јавниот сектор. Шест во државни институции, пет во општини, три во училиште, една во здравствена установа.

Некои од случаите кои беа спомнати, дискриминација и вознемирување врз основа на политичко уверување и виктимизација на административна службеничка во Општина Гостивар од страна на градоначалникот и секретарот на општината, во овој случај во тек е поведување на прекршочна постапка кон сторителите на дискриминацијата пред надлежен суд за прекршоци, потоа вознемирување на вработена во Агенцијата за филм врз основа на пол и личен и општествен статус, како и дискриминација врз етничка основа во пристапот до вработување во основно училиште во Радовиш и дискриминација врз основа на јазик во образованието врз учениците чиј мајчин јазик е турскиот.

Од дискриминација во областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, имало продолжена дискриминација врз основа на пол во УК за детски болести врз татковците на хоспитализирани деца. На татковците им било овозможено да ги придружуваат децата само преку ден. Во текот на вечерта, хоспитализираните деца можеле да бидат придружувани само од мајката, а доколку таа не била во можност, тогаш од роднини на детето од женски пол, како на пример баба, тетка, вујна, стрина.

Имало и продолжена интерсекциска дискриминација врз жените – Ромки од Шуто Оризари во пристапот до здравствена заштита.

Јавната презентација на Извештајот е поддржана во рамките на проектот „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“. Проектот е финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДКСКПретставки
Next Post

Проекција на „Годар: човекот-филм“ на Сирил Лоти во МСУ го најавува фестивалскиот фокус на Филозофскиот филмски фестивал

НАЈНОВО

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk