Капитенот на ПСЖ, Бразилецот Маркињос, потпиша нов долгорочен договор и ќе остане во редовите на францускиот првак до 2028 година, соопшти денеска клубот од Париз.
„Одушевен сум што го продолжив договорот, но и многу горд. Ова е посебен момент за мене. Уверен сум дека ќе продолжиме да постигнуваме големи работи заедно во годините кои доаѓаат“, изјави 29-годишниот бразилски дефанзивец за клупскиот сајт.
Маркињос дојде на „Паркот на принцовите“ во 2013 година од Рома и оттогаш одигра 405 натпревари за ПСЖ, со што е трет на вечната листа, зад Жан-Марк Пилорже (435 натпревари) и Марко Верати (413).
Бразилецот, меѓутоа, е играч со најмногу европски настапи во дресот на ПСЖ (81) и од 2020 е клупски капитен.
Во изминатите девет сезони, Маркињос во дресот на ПСЖ освои 26 трофеи – седум шампионски титули во Франција, шест Куп титули, како и седум титули во Суперкупот.