Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу денеска му го додели мандатот за формирање Влада на лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис по вчерашната победа на партијата на парламентарните избори, но се очекува уште попладнево да го врати со оглед на тоа дека нема доволен број пратеници за еднопартиска Влада, јави дописничката на МИА од Атина.
Извори од грчката Влада брифираат дека Мицотакис веројатно е телефонски попладнево да ја информира Сакеларопулу за неможноста да формира Влада и на тој начин да ѝ го врати мандатот.
Следен чекор согласно грчкиот Устав е претедателката да го додели мандатот на втората партија, односно на СИРИЗА, а потоа ќе следи и третата партија ПАСОК-Движење на промена.
Грција ќе оди на втори избори, на крајот на јуни или почетокот на јули.