ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Законот за работни односи постои за да ги штити правата на работниците

May 23, 2023 08:20
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва беше дел од емисијата 24 Анализа на Телевизија 24. Дел од емисијата беа и претставникот од синдикатот на градежници, Иван Пешевски и претставникот на академската јавност, професор Лазар Јовески.
„Собраниската расправа на пленарната седница заврши за Законот за работни односи стојам на тоа дека законот е во рамки на уставот” рече Тренчевска на почетокот од емисијата.

Министерката посочи дека законот за работни односи не е против уставот и истакна дека на прво место е доброволноста на работникот за прекувремената работа, како и податокот дека со новиот закон не се утврдува 60 часа работна недела. Министерката го посочи и фактот дека градежната работа зависи и од временските услови што ја ограничува можноста на работниците да работат поради забраните за работа преку лето. Таа посочи дека во оптимални услови ќе се одвива прекувремена работа со претходна согласност на работникот.

„Најважното во изградбата на коридорот 8 и 10д е улогата на државниот инспекторат за труд. Веќе се ставени во месечните планови за работа редовни и вонредни посети во случај на претставка на инспекторатот за да се контролира дали се исполнуваат законските обврски, дали има плаќање на прекувремените часови и дали има евиденција на истите” рече Тренчевска и таа објасни дека тоа ќе го гарантира почитувањето на работничките права.

За време на емисијата говорниците се осврнаа и на покачувањето на платите на функционерите.
„Бараме решение за зголемувањето на платите по одлуката на уставниот суд. Ќе најдеме решение за сите плати и ќе ја намалиме платата на функционерите. Сите плати ќе

бидат пресметувани по иста методологија” посочи Тренчевска.

Министерката рече дека се работи на нова методологија со која ќе се пресметува платата по коефициент на сложеноста на работа. Тренчевска се задржа на важноста на преговорите за овие прашања на Економско социјалниот совет и посочи дека таму од особена важност е гласот на сите засегнати страни.

Tags: Закон за работни односиМТСПТренчевска
Next Post

Пендаровски во Брисел на средби со премиерот Де Кро и кралот Филип

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk