На 24 јуни, со почеток во 20 часот, во концертната сала на Македонската филхармонија ќе гостува Белградска филхармонија предводена од славниот маестро Зубин Мехта во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.
Маестро Зубин Мехта, еден од најголемите диригенти на денешнината и најзначаен пријател на Белградската филхармонија е докажан авторитет во иницирањето на изградбата на мостови меѓу различните култури. Со својата единствена енергија и визија, допринесе во рушењето на бројни бариери користејќи ја моќта на музиката. Маестро Мехта со голем ентузијазам ја поддржа иницијативата „Отворен Балкан“ меѓу Србија, Албанија и Р.С.Македонија, а заедно со Белградската филхармонија ќе и приреди врвно музичко доживување на публиката во овие земји.