fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими-Камер: С. Македонија има стабилни политики и продолжува по тој курс

May 25, 2023 15:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

РС Македонија ја задржува макроекономската стабилност и опстојува на реформскиот процес, истовремено справувајќи се со предизвиците од енергетската и ценовната криза. Минатата година ваквите политики овозможија ММФ да обезбеди пристап до Инструментот за претпазливост и ликвидност, со цел справување со кризата и одржување стабилност на среден рок. Кризата се менаџира од страна на Владата и се одржуваат јавните финансии стабилни, а кризата ги стави високо на приоритетната листа прашањата за обезбедување енергетска ефикасност, диверзификација на изворите на енергија и одговор на климатските промени.

Ова беше посочено на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со директорот на одделот за Европа во ММФ Алфред Камер, одржана на маргините на состанокот на Конституенцата на ММФ и Светска банка, што се одржува во Тиват.

„Спроведовме значајна реформа во управувањето со јавните финансии. Донесен е новиот Закон за буџети и веќе се работи согласно поставените фискални правила во него, односно тие се преточуваат во буџетот и фискалната стратегија, со постепена фискална консолидација, односно намалување на буџетскиот дефицит”, истакна министерот Бесими.

Министерот истакна дека како дел од новиот концепт во јавните финансии е и даночната реформа, а која е позитивно оценета и од Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка и Европската комисија.

„Даночната реформа значи воспоставување нов модерен и правичен даночен систем, со ревидирање на даночните преференцијали. Законските решенија на ко работевме минатата година и кои беа утврдени низ широк инклузивен процес, се веќе доставени во Собранието, каде се очекува усвојување во најбрз можен рок”, посочи министерот.

Осврнувајќи се на кризата и потребата од фискална поддршка за надминување на предизвиците што произлегуваат од неа, истакна дека дел од активностите што се насочени кон енергетска ефикасност и диверзификација на енергетските извори имаат забрзана динамика и дека тоа во иднина ќе ја намали потребата од директна поддршка од буџетот. Справувањето со предизвиците кои произлегоа од енергетската криза и оние што ги создаваат климатските промени се дел од приоритетните политики на Владата во наредниот период и ќе бидат составен дел од буџетската политика. За таа цел се бара и пристап до програми на меѓународните финансиски институции и фондови коишто ќе ја забрзаат енергетската транзиција и ќе влијаат на климатските промени.

На средбата учествуваше и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, која присуствува, исто така на состанокот на Конституенцата во Тиват.

Покрај средбата со Камер, министерот Бесими во Тиват ќе оствари средба со заменик-претседателот на Светска банка Антонела Басани и Алфонсо Гарсиа Мора, регионален заменик-претседател во ИФЦ.

Во рамки на состанокот на Конституенцата, министерот Бесими утре ќе учествува на панел дискусијата на тема „Стремеж за економска стабилност/Фискална консолидација и затегнување на монетарната политика – кој е оптималниот микс на политики?” На темата ќе дебатираат гувернерите на централните банки на Молдавија, Ерменија и Романија, а свои обраќања ќе имаат и Клас Кнот претседател на Банката на Холандија и Алфред Камер директор на одделот за Европа во ММФ.

Tags: БесимиМакедонијаММФфинансии

НАЈНОВО

Османи: Ќе поддржиме Влада без претставници на ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени

June 10, 2023
Отворена е судска и административна истрага по експлозијата во фабрика за експлозиви во турскиот главен град Анкара, 10 јуни 2023 (Foto: Getty)

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика за експлозиви во Анкара, петмина загинати

June 10, 2023
Жители се собираат пред ресторанот Перл Бич по екстремистичкиот напад извршен од Ал Шабаб на плажата Лидо во Могадишу, Сомалија, 10 јуни 2023 година. (Foto: REUTERS)

Девет лица загинаа во неколкучасовен екстремистички напад врз хотел во Сомалија

June 10, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Битиќи: Мицкоски може да се коцка со сопствената, но не и со македонската иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гир: Доколку нема уставни измени, тоа значи дека ќе ја пропуштите шансата, која некои други ќе ја искористат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала: Невидливите ѕидови на поделбите мора да ги урнеме прво кај нас самите, во нашите глави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќе смогне ли сили Мицкоски да се надмине себеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднаа цените на бензините

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk