ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Достигнувања и придобивки на мерката Самовработување од Оперативниот план

May 25, 2023 15:32
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорот на агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати и комуникологот, Бојан Кордалов се сретнаа со млади лица во Центарот за социјално претприемништво и разговараа за придобивките и достигнувањата на мерката Самовработување од Оперативниот план кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Министерката со своето воведно обраќање ги поздрави присутните млади и ги охрабри да ги користат мерките на Владата на Република Северна Македонија. Таа посочи дека секоја идеја може да дојде до реализација и дека мерката самовработување може да го овозможи тоа.

„Претходните успешни години на Оперативниот план се доказ на ефективноста на оваа мерка. Во изминатите две години 1.412 млади до 29 години и 1.564 жени регистрирале свои фирми” информираше Тренчевска.

Таа исто така ја објасни мерката самовработување.

„Она што се нуди со оваа мерка е финансиска поддршка од 5.000 евра за едно лице и 10.000 евра за содружници кои сакаат заедно да го отворат бизнисот и заедно да го раководат” рече Министерката.

За досегашниот успех на Оперативниот план и за идните планови зборуваше и директорот на агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати.

„Оваа година за имплементација на Оперативниот план е предвиден најголем буџет досега, во износ од над 32 милиони евра, со кој е планирано да бидат опфатени 14.536 лица. Особено сакам да ја истакнам мерката Обуки за напредни ИТ вештини, за што оваа година е двојно зголемен планираниот опфат и истиот изнесува приближно 800 лица. Воедно важна е да се потенцира и успешноста на Гаранцијата за млади, каде во 2022 година се вклучиле 20.185 млади невработени лица, од кои 43% во период од 4 месеци се вработиле или се вклучиле во некоја од активните мерки вработување” рече Мурати.

Комуникологот Бојан Кордалов се осврна и на важноста на слободата кај младите луѓе како што е можноста сами да одлучуваат за себе и да избираат што како и кога ќе работат. Тој ваквата слобода ја поврза со користењето на мерките кои ги нуди МТСП заедно со АВРСМ.

„ Со користење на мерките кои ги креира МТСП, младите луѓе треба да можат непречено и директно да го менуваат системот, услугите, менталитетот, односно да креираат држава по своја мерка од што корист може да има секој човек. Потсетувам дека младите се иднината, но многу повеќе сегашноста и таа порака ја очекуваат и од надлежните институции. Со споделување на успешни приказни од млади луѓе кои со своите бизнис идеи успеале ќе се намали младинската неинформираност и ќе се даде поголема шанса да бидат вклучени во креирањето на политики и мерки наменети токму за младите луѓе” рече Кордалов.

Тој исто така истакна дека токму тоа може да биде единствен мотив кој ќе ги охрабри младите да не се иселуваат по секоја цена и државата да ја чувствуваат дека им припаѓа еднакво и на нив, а не дека општеството постои само за политичарите и партиите.

На настанот беа присутни и 4 лица кои претставуваат успешни примери кои ја искористиле мерката самовработување од Оперативниот план за активни мерки и програми. Лицата имаа прилика да го презентираат својот бизнис и да ги охрабрат младите и тие да се одлучат на чекор кон исполнување на своите бизнис идеи и планови. Настанот беше модериран од страна на младинскиот активист, Иван Дургутов.

Tags: МТСПТренчевска
Next Post
United Nations

ОН одбележуваат 75 години од почетокот на мировните мисии

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Дрон повторно го затвори аеродромот во Брисел

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Три лица загинаа во напад на американската армија во Карипско Море

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk