Сенаторот Марфи испрати јасна порака дека неуспехот на процесот на уставни измени ќе се одрази и врз односите меѓу Вашингтон и Скопје.
„Исто така, сакам да бидам јасен за влијанието врз односите со САД ако Северна Македонија избере друг пат – да се реши против уставни измени, да заталка од патот кон ЕУ… Тоа би било загрижувачки за една членка на НАТО, земја за која се обврзавме дека ќе ја браниме врз основа на заедничките вредности, да го заврти грбот на ЕУ. Затоа, ние сме пријатели, нема да прекинеме да бидеме пријатели, но лидерите во САД го набљудуваат изборот што тука ќе се направи во наредните месеци и се надеваме дека вашиот избор да се приклучите безбедносно во НАТО ќе се надополни со слична одлука да и се приклучите на ЕУ.“, изјави Крис Марфи, американски сенатор.