ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Марковиќ: Клучот за опстанокот на македонскиот јазик е во неговата способност да се адаптира кон промените

May 26, 2023 08:16
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Македонскиот јазик, како генеалошки словенски јазик во рамки на јужнословенската група, и географски, но и поради разни надворешно јазични околности се нашол на периферијата на словенскиот јазичен свет, вели во своето обраќање професорот на Филолошкиот факултет Марјан Марковиќ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители.

-Територијата на којашто опстојувал подолг период била под римско и византиското влијание, а најдолг период под Отоманската империја. Народите и јазиците со коишто стапил во интеракција на истата територија генеалошки биле не толку сродни (латино-романски (аромански, мегленоромански), грчки, албански, ладино, подоцна и турски). Сето тоа го принудило македонскиот јазик постојано да се адаптира, да иновира, да еволуира со цел да постигне поеднозначна комуникација како меѓу говорителите на македонскиот јазик, така и со говорителите на другите јазици на пошироката територија. Македонскиот јазик морал постојано да се адаптира и токму таа моќ за адаптација овозможила тој да не исчезне, туку да има постојан континуитет низ сите периоди. Тој преку своите дијалекти опстојувал и еволуирал без оглед на непостоењето на некакви општествено политички рамки (автономност, држава, институции, норма, ….). Гледано од лингвистички аспект, токму таа слобода во развојот на живата комуникација овозможила забрзување на јазичните еволутивни процеси преку постојана самоорганизација на системот. Во рамките на граматичкиот систем, македонскиот јазик има специфичности кои го првата не само посебен, туку и многу интересен за проучување во славистиката. Имено, глаголскиот систем на македонскиот систем е најбогат и најразгранет од сите словенски јазици бидејќи во себе чува голем број на наследените категории уште од прасловенскиот период, оценува Марковиќ.

Тој додаде дека во однос на категоријата време, македонскиот јазик ги зачувал наследените прости минати времиња аорист и имперфект, (минато определено свршено и несвршено време), и ги развил сложените минати времиња, односно. Конструкциите со помошниот глагол сум + л-форма.

-Доколку како пример го земеме полскиот јазик кој исто така на некој начин е на периферијата на словенскиот свет (гледано од географски аспект), во однос на минатите времиња тој зачувал само една форма (со л), па така би имале: pracowal, oglądał, śpiewal,… додека во македонскиот јазик постојат многу поголем број можности: имперфект – незавршено Тој ја градеше куќата.; аорист завршено (и засведочено) дејство: Тој ја изгради куќата. Потоа: Тој ја градел куќата. Тој ја изградил куќата (незасведочено / прекажано дејство); Тој ја беше изградил, Тој ќе ја ја изградеше, Ќе ја изградел куќата… Но, исто така, македонскиот јазик е единствениот словенски јазик кој во својот систем ги вградил перифрастичните конструкции за изразување сложени минати времиња од типот: Имам работено; Имам дојдено, Имам читано, Сум јаден, Сум пиен… Тие конструкции се навлезени во интеракција со другите балкански јазици (алб. Kam punuar / аром, am lukrata)…особено со цел за поголемо и појасно разбирање меѓу говорителите на балканските јазици. Таа потреба за комуникација била особено силна во отоманскиот период, што овозможило силен развој на т.н. Балканска јазична заедница. Таа слободна комуникација меѓу луѓето и силна интеракција меѓу јазиците и дијалектите вила овозможена и од тоа што во долг период немало граници на балканските простори и јазиците и дијалектите биле во постојана меѓусебна интеракција, смета Марковиќ.

Според професорот тоа богатство во глаголскиот систем на македонскиот јазик сведочи не само за потребата на говорителите на македонскиот јазик да ја пренесат временската рамка на дејството, туку и да внесат елементи кои се однесуваат на тоа дали дејството е завршено и ли не, дали биле присутни или не, дали некој им го пренел тоа а не биле сведоци, како и да заземат личен став (дистанца, чудење, неверување и сл.) во однос на вистинитоста на информацијата што е пренесена.

-Така конструкциите со помошниот глагол сум + л-форма можат да навлезат и во зоната на модалноста и да не се однесуваат само на временската одломка. Па ако сакаме да изразиме дистанца, неверување, чудење, би употребиле конструкции со л-форма, додека доколку сакаме да пренесеме факт без личен став, често ја употребуваме конструкции со помошниот глагол имам + н/т партицип. Таа разгранетост на македонскиот глаголски систем му овозможува посебно место во проучувањето на сите словенски јазици и ја збогатува лингвистиката и воопшто науката. Ако пак ја погледнеме лексиката / односно зборовниот фонд на македонскиот јазик, повторно можеме да кажеме дека до израз доаѓа неговата специфичност и важност во рамките на словенскиот свет. Особено што на македонската дијалектна територија имаме голема лексичка разнообразност којашто е наслоена со векови и има различно потекло. Секако, најголем дел од називите можат да се реконструираат во однос на нивното прасловенско потекло, но како што сите знаеме, на македонската дијалектна територија се јавуваат и голем број туѓи називи кои се плод на многувековната интеракција со другите балкански несловенски јазици, вели Марковиќ.

Професорот потенцира дека токму тоа непроценливо лексичко богатство кое во себе го содржат македонските дијалекти ја покажува и ја поттикнува потребата за негово проучување, а и споредба со другите словенски јазици во пошироки рамки.

-Не само дијалектната лексика, туку и воопшто целата јазична структура на македонскиот јазик покажува како еден јазик може да се адаптира кон променливата општествена и културна околина, а долг период немајќи норма, и да опстане длабоко реорганизирајќи го својот граматички систем. Со тоа, македонскиот јазик, задржувајќи ја виталноста на своите дијалекти, овозможувал полесна и појасна комуникација помеѓу своите говорители, а исто така, создавајќи заеднички длабински модели, овозможил и поголемо разбирање со другите балкански јазици. Токму таа уникатност и посебност на македонскиот јазик е една од причините за неговото високо место во меѓународните лингвистички, социолошки и културолошки проучувања. Затоа, можеме да кажеме дека клучот за континуитетот и опстанокот на македонскиот јазик е токму во неговата способност да се адаптира кон промените, да ги вгради во својот систем и со тоа да биде модел во пошироки рамки за тоа како еден јазик дури и во доста неповолни околности може да стане одржлив, еволутивен и иновативен, заклучи професорот Марковиќ.

Tags: македонски јазикМарковиќ
Next Post

„Дрската лага на Мицкоски за федерализација е изговор оти е притиснат до ѕид“

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk