ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ситуацијата во Северно Косово е релативно мирна, но тензична со масовно присуство на косовската полиција

May 26, 2023 19:49
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Тензии во Северно Косово/Фото: МИА

Тензии во Северно Косово/Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во тензична ситуација градоначалниците на општините Зубин Поток – Измир Зеќири, на Звечан – Илир Пеци и на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми попладнево влегоа во своите кабинети и стапија на должност.

Ситуацијата во моментов е релативно мирна, но тензична со масовно присуство на косовската полиција и нејзини возила, и не се исклучуваат уште инциденти

Групи граѓани во утринските часови се собраа пред зградите на институциите во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, за да ги спречат градоначалниците од албанска националност да влезат во општините и да стапат на должност, како што беше претходно најавено и планирано. Тие победија на априлските избори, кои беа масовно бојкотирани од Србите.

Десетици припадници на косовската специјална полиција со џипови потоа пристигнаа до зградите на локалната самоуправа во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, и со солзавец и шок бомби ги растераа Србите, вработени во тие општини, кои се собраа пред влезовите на општинските згради. Во Звечан наводно се слушнале и истрели, а запалено е и полициско возило.

Акцијата ја потврди и косовската полиција.

– Согласно службената должност, денеска косовската полиција им помага на градоначалниците на северните општини Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да го остварат своето право на работа, во службените објекти на соодветните општини, се вели во официјалното соопштение на косовската полиција.

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, кусо по почетокот на инцидентите потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво и им нареди итно да тргнат на административна линија со Косово и Метохија, соопшти министерот за одбрана Милош Вучевиќ.

Претставници на болницата во Косовска Митровица потврдија дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани биле повредени десетина лица.

Владата на Косово неколку часа претходно ги известила земјите од Квинтата за намерата со помош на полицијата да влезе во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. За споменатата акција, според Албаниан пост, не добиле согласност од САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија. Но, и покрај тоа, косовските институции решија да продолжат со планот, пишува albanianpost.com.

Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, ја осуди постапката на косовските власти и повика на итен прекин.

– САД ја осудуваат акцијата на косовските власти да пристапат до општинските згради на северот на Косово. Таа насилна мерка мора веднаш да престане, напиша на Твитер Ховениер.

Премиерот на Косово, Албин Курти најави дека подоцна денеска ќе зборува за настаните на северот на Косово, односно за интервенцијата на косовската полиција во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

За време на неговата посета на Косовската академија за јавна безбедност во Вучитрн, Курти одби да одговори на новинарски прашања за настаните во северно Косово.

Сè уште не е ништо соопштено за евентуална прес-конференција на која Курти ќе одговара на новинарски прашања за оваа тема.

Извор: МИА

Tags: Инцидентисеверно Косово
Next Post

(ФОТО) Костадиновска-Стојчевска: Годинава Крушево станува регионален и европски културен центар

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk