ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов голем протест „Србија против насилство“, демонстрантите ќе направат обрач околу РТС

May 27, 2023 18:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН

Денеска се одржува нов протест против насилството во Белград, само еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ вчера донесе луѓе со автобуси од цела Србија во Белград, вклучително и неговите локални партиски функционери и членови, симпатизери и луѓе кои работат во општините и јавните претпријатија, објави Индекс.

Денешниот четврти протест „Србија против насилството“ повторно почна пред Собранието на Србија, а овој пат граѓаните ќе формираат голем обрач околу РТС. Демонстрантите бараат оваа телевизиска куќа да почне објективно да известува за протестот и некој од опозицијата да гостува во Дневникот на тој медиум.

Нема да има блокада на белградската сообраќајна клучка Газела.

Како што се наведува во соопштението, ова веројатно ќе биде најголемиот или еден од најголемите народни собири што досега се одржале во Белград и Србија.

Иако Вучиќ и неговите луѓе за вчера го најавија најголемиот митинг во историјата на земјата, а режимските медиуми пишуваа за „200.000 Срби кои го слушаа претседателот и покрај дождот“, протестот беше обележан со слики од не многу густо исполнет простор пред српскиот Парламент каде што се одржа митингот, како и реки од народ кои заминуваа пред Вучиќ да го заврши својот говор.

Митинготна Вучиќ „Србија на надежта“, беше одговор на Владата на протестите „Србија против насилството“, кои, меѓу другото, беа насочени и против неговата власт, но критичарите на Вучиќ велат дека на вчерашниот помпезно најавуван собир тој не успеал да го надмине бројот на луѓе на протестот против насилството, а во Србија се погласно се зборува за тоа дека вчерашниот митинг на Вучиќ бил фијаско. Поради разочарувачкиот број луѓе, претседателот на Србија наводно се нафрлил на луѓето во партијата, пишува Индекс.хр.

Г. Т.

Tags: БелградпротестСрбија против насилство
Next Post
Киличдароглу - Ердоган претседателски избори 2023 (Photo: Wikimedia Commons)

Втор круг претседателски избори во Турција: Ќе падне ли Ердоган по 20 години?

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk