Мајами хит ноќеска го победи Бостон селтикс со 103:84 во седмиот натпревар од полуфиналето на НБА плејофот.
Најефикасен на натпреварот беше Џими Батлер од Мајами со 28 поени. Кај Бостон се истакна Џелејн Браун со 19 поени.
Мајами ја доби серијата со 4-3, откако имаше предност со 3:0 во победи.
Во големото финале Мајами ќе се соочи со Денвер нагетс.