Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека во земјава нема недостиг на лекот „Амоксиклав“.
– Некој кажал дека нема, тоа можеби е индивидуално. Во регионалните земји го има, можеби тие имале некои резерви. Се слушнав со директорот на „МАЛМЕД“, во моментов не постои таков проблем. Снабдени сме со „амоксиклав“ и го има во моментов, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.