ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НБ им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

May 31, 2023 10:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ.

Во своите презентации под наслов „Од кого на кого – практично решение за составување статистика на финансиските сметки” и „Хартии од вредност по хартии од вредност ‒ за пресметување на должничките хартии од вредност и капиталот”, Јанеска-Поповска се осврна на клучните аспекти поврзани со статистиката на финансиските сметки којашто ја изготвува Народната банка. Се говореше за развојот на оваа статистика преку воспоставување модерен пристап „од кого на кого” којшто овозможува детален преглед на финансиските врски врз основа на финансиските инструменти помеѓу секторите во националната економија, како и со секторот странство. Потоа, во рамките на презентациите се осврна на предизвиците и практичните решенија во процесот на составување на финансиските сметки, зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка, методолошките аспекти, изворите на податоци и техничкиот систем. Во втората презентација беше истакнато значењето за интегрираниот и грануларниот пристап во прибирањето и составувањето на податоците за хартиите од вредност, со осврт на чекорите коишто ги презема Народната банка за обезбедување на овие податоци, како и практичните решенија за пресметка на два финансиски инструмента: должничките хартии од вредности и акциите.

На Работилницата имаше огромен интерес од страна на учесниците за практичните чекори за составување на финансиските сметки во Народната банка, при што во рамките на презентациите беа разменети мислења и искуства. Тоа овозможи продлабочување на знаењето на учесниците и даде поширока слика за понатамошните чекори за развој на финансиските сметки во повеќе централни банки во регионот.

Работилницата за финансиската статистика е еден од низата едукативни настани од областа на централнобанкарското работење во организација на ЦЕФ, а учеството на Народната банка претставува уште еден позитивен пример за долгогодишната успешна соработка помеѓу двете институции.

Tags: Народна банкафинансиски сметки
Next Post

Проф. д-р Ангелова, нов ректор на УКИМ: Потребна е многу работа за да имаме поквалитетно образование

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk