„Секојдневното креирање на лажни вести проследени со навреди се најниското ниво на кое ВМРО-ДПМНЕ е спаднато од своето основање до денес“, реагира првиот вицепремиер Артан Груби.
„Денешното ВМРО-ДПМНЕ е непрепознатливо кое што го „пушти низ вода“ сето свое претходно раководство и се служи со омаловажување на другите преку Гебелска пропаганда.
Затоа, Никола Груевски има четири пати поголем рејтинг од Христијан Мицкоски и повеќе од една третина на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат Мицкоски туку го сметаат сеуште Груевски како нивен лидер.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за клеветите и лилчните навреди упатени према Првиот потпретседател на Владата, г-дин Груби.
Во прилог Ви испраќаме доказ за цената на патиките за кои замислете, се состануваше Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе стратешка одлука да креира уште една лажна вест по наредба на нивниот претседател во својата секојдневна колекција“, додава тој во својата реакција.