ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Имаме поддршка од европските пријатели да донесеме државничка одлука

June 2, 2023 14:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи преку видео порака ги пренесе импресиите од Самитот на европската политичка заедница кој се одржа во Кишињев, Молдавија, но и очекувањата на главните политички чинители во ЕУ, кои од Северна Македонија очекуваат максимална одговорност за државничката одлука што треба да ја донесеме во наредниот период со измените на нашиот Устав како значаен чекор за просперитет и за европска иднина на сите македонски граѓани.

„Пред 47 лидери, пред најширокиот европски форум ги пренесовме нашите искуства и мерки преку кои се справувавме со енергетската криза и кои нѐ позиционираа како регионален центар на зелена енергија, но и како лидери во енергетската диверзификација и трансформација. Средбите во Кишињев за нас беа и платформа за окрупнување и засилување на поддршката која ја добиваме од цела Европа за нашите следни чекори за членство во Европската Унија“, изјави Битиќи.

Макрон, Шолц, Фон Дер Лајен, Мишел, Мецола, Зеленски, Рама, Вучиќ, Милатовиќ и многу други, сите нѝ оддаваат признание за постигнатото досега и за тоа што сме пример за земја која изолацијата ја замени со напредок, порача тој.

„И сега, сите наши европски пријатели очекуваат од нас максимална одговорност за државничката одлука што треба да ја донесеме во наредниот период со измените на нашиот Устав. Заеднички е ставот на сите наши пријатели дека со тоа ќе направиме уште еден значаен чекор за просперитет и за европска иднина на сите македонски граѓани. Нашата иднина е во ЕУ, друга алтернатива немаме и нема да имаме. Ние сме во моментов на најдобриот и најбрзиот пат до она што нашиот народ го заслужува, а тоа е просперитет, благосостојба и сигурна иднина. Европа е нашиот дом“, истакна вицепремиерот.

Tags: БитиќиВицепремиерЕУМолдавија
Next Post

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци

НАЈНОВО

Ламборџини го претстави новиот Феномено, својот најекстремен модел до сега

August 27, 2025

Повеќе превезена стока во товарниот патен превоз, помалку во воздухопловниот

August 27, 2025
Фото: Триатлон и пливачкиот клуб 3Дисциплини од Струга

Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk