Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум за непрописно престројување, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.