ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Агелер: С. Македонија по членството во НАТО, треба да стане членка на ЕУ

June 2, 2023 13:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.

На состанокот е разговарано за суштинските прашања во врска со напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите.

Реафирмирана е јасната порака на Соединетите Американски Држави, дека Република Северна Македонија, по членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ, за што, нашата држава има силна и конкретна поддршка од САД.

Нагласено е дека Северна Македонија е фактор на стабилноста и безбедноста во регионот и е посочено на важноста – сите политички партии во државата да го поддржат европскиот пат на државата.

При тоа, изразено е очекувањето дека сите политички лидери ќе го имаат предвид актуелниот контекст на случувања и дека во таа насока и ќе се носат и претстојните политички одлуки во Собранието.

На средбата со американската амбасадорка Агелер, како и при средбата на премиерот Ковачевски со сенаторот Крис Марфи во Скопје и на средбите со високите американски претставници Блинкен и Ескобар во САД, е потврдено искреното долгогодишно пријателство и успешното стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, кое што се развива на принципите на доверба и разбирање.

„Како Влада, ја почитуваме добронамерноста на нашиот голем и стратешки партнер САД, како и на другите пријателски држави, членки на НАТО и ЕУ коишто нè поддржуваат во следниот исчекор во евроинтеграциите, којшто има одредувачка насока кон полноправното членство на нашата држава во ЕУ. Реално е очекувањето тоа да се случи до 2030 година и подготвени сме со уште посилен интензитет да работиме на потребните реформски процеси. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава членка на Европа, со европски квалитет на живот и европска иднина за младите, во родната земја”, рече премиерот Ковачевски, на средбата со амбасадорката Агелер.

Tags: АгелерКовачевскиС. Македонија
Next Post

Харадинај бара разрешување на Курти поради „неверство кон сојузниците“ и предавство

Shortcut

Најново

Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

June 3, 2026

СДСМ: Апсењето на Богоев е монтиран случај на Мицкоски за дефокусирање од критиките на Антонио Кошта

June 3, 2026

Пет распродадени изведби во Загреб за новиот проект на Александар Поповски и Кирил Џајковски

June 3, 2026

Тренчевска: Со ВМРО, Македонија е само лидер по сиромаштија, криминал и изолација

June 3, 2026
Фото: ВЛЕН

ВЛЕН: Албанскиот ансамбл се комплетира со 45 решенија за вработување

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk