ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Голем интерес на отворениот повик на Labena Ventures – 120 проекти од 29 држави на ЕУ и регионот се пријавиле на повикот, 5 се од С. Македонија

Labena Ventures, првиот регионален акцелератор во областа на медицината, биотехнологијата, фармацијата и здравството, кој обезбедува пристап до инвестиции од вкупно 100 милиони евра, го затвори процесот на аплицирање за проектот

June 5, 2023 12:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Повикот на Labena Ventures за достава на апликации за иновативни идеи и проекти од областа на медицината, биотехнологијата, прехранбената и фармацевтската индустрија заврши со голем меѓународен интерес. Најголем број регистрирани проекти се од Полска, Хрватска, Германија, Босна и Херцеговина, Естонија, Србија, Летонија, Литванија и Бугарија, а дури пет се од Северна Македонија.

„Пријатно сме изненадени од големиот одзив. Добивме 120 апликации од дури 29 земји, најмногу од регионите опфатени со акцелераторот и 15% од проекти надвор од регионот во кој работи акцелераторот Labena Ventures, што докажува дека потребата од вакви видови екосистеми и поддршка е навистина голема. Исто така, многу сме среќни што повеќе од 30% од регистрираните стартапи или идеи веќе ја поминаа фазата на прво финансирање, а некои компании веќе бележат солиден промет. Сето ова укажува на многу висок потенцијал на апликанти и потенцијално добри проекти“, посочува Недељко Милосављевиќ, еден од ко-основачите на Labena Ventures.

Од пристигнатите 120 идеи и проекти, посебна комисија на Labena Ventures ќе избере најмногу 40 проекти. Од 7 до 9 јуни во Љубљана ќе се одржат Bootcamp работилници со обуки, со кои избраните тимови ќе се стекнат со деловни и презентациски вештини, како и со вештини за стратешко позиционирање на проектот на меѓународно ниво. Платформата Labena Ventures исто така ќе им помогне да најдат инвеститори. „Избраните финалисти ќе имаат на располагање престижна менторска програма со повеќе од 120 сертифицирани ментори од целиот свет во областите на претприемништвото, финансиите, биотехнологијата, итн. “, изјави Борут Чех, директор на Лабена. „Ќе ги избереме 10-те најдобри проекти и идеи, и со акцелератор и менторство ќе им овозможиме што е можно поквалитетно развивање, деловно пласирање на пазарот и презентација пред инвеститорите и фондовите. Ќе им помогнеме добро да се подготват и со тоа да им ги зголемиме шансите за добивање инвестиции, бидејќи сакаме на пазарот да излезат најдобрите проекти и идеи кои на крајот од нивното патување ќе оживеат и ќе го подобрат квалитетот на животот и здравјето на луѓе ширум светот“, нагласи Борут Чех.

Labena Ventures е нова платформа и акцелератор на идеи од областа на медицината, биотехнологијата, прехранбената и фармацевтската индустрија во Централна и Источна Европа. Тоа е единствениот идеен акцелератор од ваков вид кој опфаќа неколку земји, вклучувајќи ги Полска, Словачка, Чешка, Латвија, Литванија, Естонија, Унгарија, Романија, Бугарија, Албанија и земјите од поранешна Југославија, со што се отвораат можности за дури 110 милиони жители во 17 земји. „Тоа е, исто така, првиот акцелератор во оваа област со седиште во Словенија и единствениот меѓународен акцелератор од ваков вид во поширокиот регион“, истакна директорот на Лабена, Борут Чех. Како дел од акцелераторот, стартапите и поединците добиваат пристап до компании, инвеститори и фондови за ризичен капитал кои инвестираат повеќе од 100 милиони евра за оваа намена.

Tags: Labena VenturesЕУПроекти
Next Post
Фото: Укринформ

Резников вели дека Бахмут останува под контрола на Кијив, Пригожин потврдува дека Украинците ги задржуваат позициите во југозападниот дел на градот

Shortcut

Најново

Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026
Илустрација Фронтлајн

Андони Ираола ги договори условите со Ливерпул, Шпанецот станува нов главен тренер на „Црвените“

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk