ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Масовно паѓање во бесвест во мексиканските училишта: Опасноста започнала од Ватсап

June 5, 2023 18:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На 23 септември 2022 година, 12-годишната Есмералда се онесвестила додека излегувала од тоалетот во средно училиште во Тапачула, Мексико. По неа излегла нејзината најдобра пријателка Диала која исто така паднала на подот. Во текот на следниот час се онесвестиле уште девет девојчиња и едно момче од училиштето Федерал 1. Паднале во бесвест во училниците, тоалетите или во училишниот двор. Други 22 ученици пријавиле други невообичаени симптоми, како што се повраќање и главоболки, пишува Бизнис инсајдер.

Мајката на Есмералда, Гледис, добила СМС-порака од нејзината внука која и рекла веднаш да дојде во училиштето. Ја пронашла Есмералда како лежи во училишниот двор, неспособна да зборува или да стои. Диала паднала покрај неа. На подот лежеле и група други болни деца.

Неколку ученици пријавиле дека почувствувале мирис на нешто зачадено. Есмералда истакнала дека миризбата ја потсетувала на запалени лисја, поради што властите се сомневаат дека марихуаната е вмешана во инцидентот. Но, сите тестови за дрога беа негативни. Лекарите заклучиле дека Есмералда и другите студенти имале напади на паника. До следното утро, сите деца целосно се опоравиле.

Две недели подоцна, на 7 октомври, во средно училиште во Бочило, во мексиканската држава Чиапас, најмалку 68 деца се онесвестиле, повраќале или биле дезориентирани. Десетици од нив завршиле в болница. Овој пат тестовите откриле траги од кокаин кај четворица ученици.

Четири дена подоцна, на 11 октомври, се случил нов инцидент во средното училиште Федерал 1 во Тапачула; овој пат се онесвестиле 18 деца, повторно главно девојчиња. Гледис повторно добила порака и заминала во училиштето.

Кога пристигнала, нејзината ќерка била добро, но набргу рекла дека почувствувала необична миризба на запалено и и се присторило дека видела крв. Потоа таа повторно паднала во бесвест. По вториот инцидент, властите испратиле кучиња во училиштето да бараат дрога, но не нашле ништо.

Во текот на следните два месеца, во најмалку шест средни училишта во четири мексикански држави, меѓусебно оддалечени стотици километри, се случиле серија масовни паѓања во бесвест. Се разболеле 227 деца, главно девојчиња. Неколку ученици беа болни со денови или недели.

Гледис не им веруваше на лекарите кои рекоа дека се работи за напади на паника. Како и другите родители, таа се загрижила дека нејзината ќерка се дрогира. При првата посета на болницата, семејството дополнително платило и крвни тестови за марихуана, кокаин, опиоиди, метамфетамин и други амфетамини. Сите резултати биле негативни.

На социјалните мрежи и во мексиканските медиуми се појавиле различни теории за можната причина; некои сугерираа дека станува збор за труење со ѓубрива, ретка бактериска болест или вдишување чад. Еден напис во шпанскиот весник Ел Паис пишува дека можеби постоела „непозната супстанца“ во изворите на вода.

Епидемиологот Карлос Алберто Пантоја Мелендез се заинтересирал за серијата несвестица и направил своја анализа. Една по една ги отфрли речиси сите можни теории. „Можеме да ја исклучиме дрогата бидејќи речиси сите ученици беа негативни на тестот“, изјави Мелендез.

„Да беше во прашање дрога, веќе ќе знаевме“, рече тој. Што се однесува до бактериите во храната или пијалоците, инсектицидите или топлотниот удар, мала е веројатноста сите ученици да имаат симптоми истовремено, смета Мелендез. Според него, останува само уште една можност – масовна хистерија.

Масовната хистерија е редок психолошки феномен во кој, по еден инцидент на невообичаени симптоми (несвестица, напади и сл.), и други луѓе неволно ги повторуваат истите симптоми. „Епидемиите“ на масовна хистерија може да траат неколку часа или месеци, а се јавуваат особено во средини со строга хиерархија, каде што луѓето поминуваат многу време заедно, како што се верските институции и училиштата.

Имено, од почетокот на оваа необична ситуација, работната претпоставка беше дека нема поврзаност меѓу училиштата во кои имало случаи на несвестица. Но, на крајот на март, Мелендез разговараше со епидемиолог во Веракруз, кој рече дека учениците од училиштето Текника биле во иста група на Ватсап како и оние од училиштето Федерал 1 во Тапачула. Во групата се споделувале вести за првите серии на паѓање во бесвест.

Г. Т.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бесвестмасовна хистеријаМексикоучилишта

НАЈНОВО

Скриншот

Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

June 18, 2025
AI Generated Image

И „Барбиките“ добиваат вештачка интелигенција

June 18, 2025

Докторот на Метју Пери ќе признае вина за нелегално снабдување на актерот со кетамин

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk