Кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер, проговори за влијанието кое врз него го имал легендата на „жешките“ Двејн Вејд.
– Најдобар совет за финалето? Го добив од Д-Вејд. Ми рече да бидам свој, да направам своја приказна, да го правам тоа што сакам да го правам. Сакам да победувам. Тој ме поддржува долго време. Многу сум му благодарен за ова. Вејд е важна причина зошто завршив овде во финалната серија. Не сакам да ме споредуваат со него, но има едно нешто што сакам да бидам како него – да бидам и шампион. Морам да го направам тоа, изјави Батлер.
Мајами хит во големото финале на НБА-лигата игра со Денвер нагетс.
По две средби резултатот е изедначен 1:1 во серијата прв до четири. Третиот натпревар ќе се игра во Мајами вечер по полноќ во 2 часот и 30 минути.