ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кутиров во Брисел: Царинската управа една од клучните алки во процесот на пристапување во ЕУ

June 7, 2023 15:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Царинската управа со поддршка на Владата, пристапи со целосна посветеност на процесот за интеграција на нашата држава во ЕУ, преземајќи сет активности за заштита на општеството, и за олеснување на трговијата и подобрување на услугите кон економските оператори, со што ќе се постават основите за функционирање на единствениот пазар. Во последниве години со особен интензитет сме посветени на транспонирање на релевантното законодавство на ЕУ во областа на Царината во нашето национално законодавство, како и на дигитализација на царинското работење. Притоа, согласно Стратегијата за развој и Акцискиот план 2022-2024, Царинската управа ќе продолжи со подготовката за интерконекција и интероперабилност со системите на ЕУ и имплементација на системи усогласени со системите на ЕУ, со цел тие да се воспостават пред пристапувањето во ЕУ. Ова го истакна директорката на Царинската управа, Славица Кутиров, во воведното обраќање на билатералниот состанок за подготвеноста на државата во областа на Царинска Унија.

Билатералниот состанок се одржува денес и утре во Брисел, при што претставниците на работната група во областа на Царинска Унија ќе ги презентираат постигнатите резултати од досегашните активности, како и идните политики и мерки што ќе се преземат во делот на Царината.

Кутиров на состанокот ја нагласи подготвеноста на институцијата во областа на Царинската Унија, како и посветеноста и јасната визија за идните планови на управата, со особен акцент на дигитализацијата.

„Царинската управа и Министерството за финансии се фокусирани на подготовката на новиот Царински закон и придружните подзаконски акти, како основа за оперативна примена на новите ИТ системи и процедури во царинското работење. Во текот на процесот на пристапување во ЕУ, во следниот период ќе продолжиме да ги следиме идните усогласувања на царинското законодавство на ЕУ, како и усогласувањата кои произлегуваат од новата реформа во Царинската унија на ЕУ”, рече Кутиров.

Tags: ЕУКутировцарина
Next Post

Ковачевски: За мене ова не е борба за власт, по изгласувањето на уставните измени ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата, СДСМ ќе ослободи половина од своите места

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk