ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓународна научна конференција на Архитектонски факултет: Скопје уникатен пример за создавање на нови градови преку промоција на светската солидарност

June 7, 2023 11:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Скопје стана уникатен пример каде што Обединетите Нации го препознаа тој момент по разурнувањата од земјотресот и ги поканија светските архитекти и урбанисти во тоа време да се приклучат и да овозможат градот да биде прво современ и модерен, меѓутоа исто така да стане и пример како може преку промоција на концептите на светска солидарност и светска соработка и преку вклучувањето на експертите и преносот на знаењето, особено во делот на архитектурата и урбанизмот, да се создадат нови урбани решенија што ќе обезбедат подобар живот за граѓаните и подобра иднина и за општествата, изјави за МИА деканот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“, Огнен Марина.

– Сметам дека искуството на Скопје, придобивките од Скопје, воопшто од целокупниот проект што беше воден од ОН, е исклучително позитивен пример што и денеска во контекст на разурнувањата што ги имаме, за жал дури и во Европа, односно со војната во Украина, и каде што наскоро се надевам ќе следи примирје и прекин на разурнувањето и еден процес на обнова на сите тие разурнати градови, дека и ние како архитекти и урбанисти, а исто така и како Универзитет, но и како граѓани на овој град, како дел од оваа заедница, ќе можеме да придонесеме, макар малку, за да помогнеме во обнова на тие градови и ќе можеме повторно да ги промовираме основните концепти и вредности, истакна професорот Марина на Меѓународната научна конференција „Проект Скопје“, организирана по повод 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес и 110 години од раѓањето на јапонскиот архитект Кензо Танге.

На прашањето околу на улогата на врвните светски архитекти за обнова на градот по земјотресот, но и за сигурноста на градбите што се градат денес, Марина одговори дека по земјотресната обнова на Скопје направена е промена на парадигмата, како во архитектурата и урбанизмот, така и во сеизмичкото инженерство.

– Принципите, па дури и форматот и начинот на којшто е обновено, планирано и изградено Скопје всушност овозможуваат и ден денес градот да функционира. И покрај сите заложби во последните три децении да се девастираат сите тие системи, Скопје се уште е функционален град и има капацитет да ги прими и да им овозможи на неговите граѓани една структура којашто сепак е функционална, потенцира деканот на Архитектонскиот факултет.

Тој додаде дека ваквите конференции, како денешната, се битни за укажување на визиите и планирањето за изградби и потенцираше дека и политичарите и граѓаните некако го загубиле капацитетот за создавање визии за својот град и повика на определување на визија за тоа во каков град сакаме сите да живееме.

На дводневната конференција светски урбанисти и архитекти од реномирани универзитети ќе одржат серија предавања и во три сесии тие ќе разговараат за поуките од минатото, за денешната состојба со светската архитектура и за предизвиците и можностите коишто ќе ги имаат градовите во иднина.

Tags: Архитектонски факултетСкопје
Next Post

Украинките од првата линија на фронтот

НАЈНОВО

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Македонските кошаркари против Унгарија ги завршуваат претквалификациите за СП 2027

August 20, 2025

Здружението на тренери во Италија бара израелската репрезентација да биде суспендирана од меѓународни натпревари

August 20, 2025

Исак го обвини раководството на Њукасл дека ги крши ветувањата

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk