На денешен ден пред 78 години стапува на сила Правописот на македонски јазик.
Од 1945 година се стандардизирани правописот и правоговорот на македонскиот јазик, како темелни вредности на нашиот идентитет.
Денес, Правописот на македонскиот јазик е достапен и во дигитална форма, платформа што беше промовирана во 2017 година со ангажирањето на Владата на РМ и Министерството за култура, во соработка со НУБ „Св. Климент Охридски“, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и издавачката куќа „Култура“.
За сите кои го користат македонскиот јазик, ова е алатка за унапредување на нашите јазични познавања и за подобра употреба на македонскиот јазик, во јавните објави и во јавната комуникација.