ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Експертите препорачуваат: Само со научен пристап до одржливо лозарство отпорно на климатски промени

June 9, 2023 13:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Климатските промени имаат сѐ поизразено влијание и затоа треба да преземат мерки за управување во процесот на производство на грозје и вино, со цел да се добие подобар краен производ. Справувањето со влијанијата на климатските промени и долгорочниот опстанок и развој на винската индустрија се возможни само преку континуирана примена на стандарди, научни истражувања, мерења и практики за одржливо лозарство. Ова е една од клучните препораки на експертите кои учествуваа на стручната конференција организирана од винарската визба „Тиквеш“, во рамки на тригодишниот транснационален Проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци за локална и еколошка одржливост“.

Покрај стручната конференција, „Тиквеш“ организира и теренска посета за претставниците на организациите што се дел од овој проект. Околу 30 гости од Норвешка, Словенија, Луксембург, Хрватска и Италија, како дел од активностите во рамки на проектот, ги посетија лозовите насади на „Тиквеш“ со цел да се запознаат со практиките за одржливост што ги применува винарницата и стекнатото знаење и искуство да го пренесат во своите земји.

„Ние во ,Тиквеш’ веќе некое време сме свесни дека за да ја зголемиме конкурентноста и препознатливоста на нашите вина во светот, неопходно е да ги менуваме досегашните практики во производството на грозје, да ја вклучиме науката и да ги земеме предвид климатските промени кои имаат сѐ поголемо влијание врз лозарството и врз целата винска индустрија. Истовремено, неопходно е интензивно да работиме на примената на ESG-стандардите кои се предуслов за натамошниот одржлив развој и паралелно да ја потврдиме нашата општествена одговорност, пренесувајќи ги нашите искуства и знаења на сите останати чинители од домашната винска индустрија“, истакна претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во своето воведно обраќање пред учесниците на конференцијата.

Нагласувајќи го значењето на научниот пристап во лозарството, како предуслов за производство на здраво и квалитетно грозје, професорот Алан Делоар од Институтот „Агро“ од Монпеље, Франција, порача дека во текот на целиот циклус на одгледување на грозјето, вклучително и при неговата берба, треба да се земат предвид факторите кои произлегуваат од влијанието на климатските промени, како што се: температурата на воздухот, изложеноста на лозовите насади на сончевото зрачење и секако соодветната количина на вода во почвата. „Овие фактори можат значително да влијаат на квалитетот на грозјето и неговата зрелост, а со тоа и на одредувањето на идеалните денови за берба на грозјето за што треба да се размислува на интегрален начин и тоа со краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија“, вели професорот Делоар, кој има над тридецениско искуство во областа на лозарството, а повеќе од една деценија бил одговорен за лозовите насади на познатиот светски производител на шампањ – Moët & Chandon.

Во својата презентација, познатиот светски експерт и истражувач од винскиот научен центар при универзитетот Нова Горица од Словенија, д-р Гијом Анталик го акцентираше влијанието на климатските промени врз еволуцијата на винските стилови. Неговите истражувања потврдуваат дека климатските промени влијаат на свежината и на зголемувањето на нивото на алкохол во вината, а од друга страна пак трендовите покажуваат дека потрошувачите сѐ повеќе преферираат посвежи вина со помал процент на алкохол. Затоа тој препорачува при производството особено да се внимава на практиките за наводнување на лозјата и на деновите на берба, зашто тоа значително може да влијае на квалитетот на одредени почувствителни сорти грозје.

Консултантот Џовани Бигот, кој во стручните кругови е познат по својот пристап што се нарекува Precision viticulture (н.з. прецизно лозарство), ги истакна напорите и значењето на вложувањата на „Тиквеш“ во дигитализацијата на мониторингот на агро-метеоролошките параметри за следење на болестите кај лозјата и мерењата на присуството и количината на вода кај лозовите насади, со цел навремена интервенција за заштита на лозовите насади.

За самиот проект, но и научниот пристап на „Тиквеш“ во производството на квалитетно грозје и вино говореше познатиот словенечки експерт д-р Клемен Лисјак кој веќе неколку години соработува со винарницата во развојот на нејзините истражувачки капацитети и трансферот на ново знаење и практики.

Во рамки на конференцијата беа претставени и предизвиците со кои се соочуваат производителите на грозје во различни вински региони во Хрватска, уникатноста на вината од регионот Зелен во Словенија, како и искуствата при воспоставувањето на центар за истражување и развој на производство на сајдер во Норвешка.

Проектот „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци за локална и еколошка одржливост“ е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка (EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation). Целта на проектот е да го поттикне развојот на руралните области преку подобрување на заедничкиот истражувачки капацитет и размена на знаење применето во производство на „тероар“ вино и сајдер во избрани области на Словенија, Хрватска, Македонија и Норвешка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Тиквеш“лозарство
Next Post
Унгарскиот премиер Виктор Орбан (лево) и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен (десно) имаа многу различни оценки за новиот договор за миграција. - Авторско право Оливие Матис/Авторски права 2023 АП. Сите права се задржани
Унгарскиот премиер Виктор Орбан (лево) и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен (десно) имаа многу различни оценки за новиот договор за миграција. - Авторско право Оливие Матис/Авторски права 2023 АП. Сите права се задржани

Фон дер Лајен и Мишел го пофалија новиот договор за миграција, според Орбан тој ќе ја наполни Унгарија со мигранти

НАЈНОВО

Фото: Креирано со помош на ВИ

За одредени македонски медиуми, најбитни се реакциите на Кремљ

October 3, 2025
Фото: МИА

Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО, ги препраќаме до МЗ

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео

Хамас бара повеќе време за да го проучи ултиматумот на Трамп за прекин на војната во Газа

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk