ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се одржа завршната консултација за нацрт Стратегијата за правата на лицата со попреченост

June 9, 2023 15:31
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Завршната консултација за нацрт Стратегијата за правата на лицата со попреченост 2023-2030 со Акциски план се одржа денеска во организација на Националното координативно тело за имплементација на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост и Министерството за труд и социјална политика. На завршната консултација се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, директорот на Германско друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Давид Оберхубер и постојаната координаторка на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџак. Настанот го модерираше претседавачот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост, Спасе Додевски.

„Националната стратегија за правата на лицата со попреченост за периодот 2023-2030 година е стратешки документ чијашто подготовка се базира на принципот „Ништо за нас без нас”, со целосна вклученост на лицата со попреченост и сите заинтересирани страни преку широки јавни расправи и работилници. Истата опфаќа девет приоритетни области: Пристапност, Еднаквост, Пристап до правда и активно учество во јавниот и политичкиот живот, Пристап до здравствена заштита, Детска, социјална заштита и независно живеење, Право на образование, Вработување и право на работа, Локални инклузивни заедници, Јавна свест и Култура, спорт и рекреација. Мерките во документот се темелат на принципите и препораките од Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост”, истакна Додевски, претседавачот на НКТ.

Министерката Тренчевска со своето поздравно обраќање ја отвори завршната консултација за стратегијата.

„После една година инклузивен и транспарентен процес на пишување на оваа национална стратегија, денеска веќе ја одржуваме завршната консултација за истата. Во креирањето на стратегијата се вклучија голем број на здруженија, голем број претставници на меѓународните организации и агенциите на ООН, и без сите овие партнери и нивната секојдневна заложба немаше да го имаме овој документ. Јас лично ќе се залагам за повеќе буџет за да се имплементира стратегијата, нашата цел не е само успешен процес на подготовка туку и успешна имплементација”, рече Тренчевска.

Таа истакна дека целта на Владата на Република Северна Македонија е обезбедување на еднакви услови, шанси и можности на сите граѓани без исклучок.

Директорот на Германско друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Давид Оберхубер се осврна на имплементацијата на Националната стратегија.

„Одговорноста за спроведување на оваа стратегија паѓа не само на Владата, туку и на развојните агенции како што е нашата. Мора да работиме заедно со Делегацијата на ЕУ, Швајцарската агенција за развој и соработка, агенциите на Обединетите Нации и сите други засегнати страни за креирање на мерки на сите полиња на проектот. Со тоа ќе придонесеме конкретно за целосна имплементација на оваа стратегија до 2030 година”, рече Оберхубер.

Постојаната координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџак зборуваше за придонесот на агенциите на Обединетите Нации за изработка на стратегијата.

„Анализите на ситуацијата, изработена од УНИЦЕФ, УНДП и УНФПА, беше искористена како основа за развој на новата Стратегија. Првичните консултации и фокус-групи со организации на лица со попреченост, други граѓански организации и владини претставници придонесоа за подобро разбирање на контекстуалните фактори кои влијаат на спроведувањето на стратегијата и на предусловите за вклучување на лицата со попреченост”, рече Дуџак.

На настанот беа присутни и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заменик министерката за здравство, Маја Манолева и заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани, претставници на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија и други граѓански организации, членови на Националното координативно тело, претставници на меѓународните организации, претставници на министерства и институции.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: права на лицата со попреченостстратегија
Next Post

Несреќа во производствениот погон на Макстил, почина вработен

НАЈНОВО

ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Црвениот крст тврди дека враќањето на телата на израелските заложници може да потрае со недели

October 14, 2025
Фото: Генерирано со Ви

Левандовски еден месец надвор од терените поради повреда

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk